За поретко перење на фармерките, против прашински грини: Проблеми за кои фрижидерот е решение

Досега многупати сме биле на сведок на тоа дека понекогаш некои уреди и предмети, може да имаат повеќе намени отколку примарната.

za-poretko-perenje-farmerki-i-podolg-rok-na-hulahopki-za-shto-se-mozhe-da-vi-posluzhi-frizhiderot-01.jpg

Па така, ако ставите во фрижидер други работи освен храна, може да ви помогне и биде од корист за зачувување на облеката, козметиката и слично.

Иако звучи чудно, сепак може некогаш да пробате некој од следниве трикови.

За што сè може да ви користи фрижидерот:

За да ги „исперете“ фармерките

Според многумина, методот на смрзнување фармерки е алтернатива на перењето, па така вистински ги перат само неколкупати во годината.

Така сите бактерии умираат, бојата останува совршена, а непријатниот мирис исчезнува.

za-poretko-perenje-farmerki-i-podolg-rok-na-hulahopki-za-shto-se-mozhe-da-vi-posluzhi-frizhiderot-02.jpg

За продолжување на трајноста на омилените работи

Ако сакате хулахопките да не се кинат толку лесно, ставете ги во замрзнувач, но прво извадете ги од пакувањето, напрскајте ги со малку вода и ставете ги во пластична кеса. По неколку часа извадете ги и исушете ги.

Козметиката како спреј за сончање, органски креми и парфеми исто така може да стојат подолго ако ги чувате во фрижидер.

Кафето ќе го задржи вкусот подолго ако кесичката добро затворена ја чувате во фрижидер.

Свеќите не се чуваат цело време во фрижидер, но пред користење може да се изладат неколку часа и потоа ќе горат подолго.

za-poretko-perenje-farmerki-i-podolg-rok-na-hulahopki-za-shto-se-mozhe-da-vi-posluzhi-frizhiderot-03.jpg

Одвојување на залепени работи

Сликите многу често знаат да се залепат една до друга и ако се обидете да ги одвоите да се уништат.

Во такви случаи, ставете ги во пластична кеса и ладете ги 1 час, а потоа полека одвојте ги со лесен нож, а истото важи и за пликоата кои сакате да ги одлепите без да се оштетат.

za-poretko-perenje-farmerki-i-podolg-rok-na-hulahopki-za-shto-se-mozhe-da-vi-posluzhi-frizhiderot-04.jpg

Средување на чевлите

Чевлите кои имаат лош мирис, ставете ги во кеса и оставете ги во фрижидер цела вечер. Непријатниот мирис ќе исчезне, но не се обидувајте да го правите ова со кожените материјали, бидејќи мирисот ќе исчезне, но материјалот може да се уништи.

za-poretko-perenje-farmerki-i-podolg-rok-na-hulahopki-za-shto-se-mozhe-da-vi-posluzhi-frizhiderot-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
7 работи поради кои кујната секогаш ќе ви делува хаотично Мијалник кој мириса непријатно и во совршено уредена кујна, премногу магнети на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg