За поретко перење на фармерките, против прашински грини: Проблеми за кои фрижидерот е решение
Зачувајте ги цвеќињата
Ако сте купиле цвеќе неколку дена пред настанот, за да остане свежо, ставете го во вода, а горниот дел завиткајте го со хартија и оставете ги во фрижидерот, но не ги мешајте на иста полица со овошје или зеленчук.
Зголемете го бројот на испукани пуканки од пченка
Ако имате навика да си правите домашни пуканки и ве нервира фактот што не секогаш целосно пукаат, неиспуканата пченка собирајте ја и чувајте во замрзнувач, а потоа така испржете ја. Испуканите пуканки пак ако ги чувате во замрзнувач ќе стојат свежи и крцкави 2 недели.
За декорирање на чаши
Изладените чаши изгледаат многу луксузно, а пиењето коктели од нив е многу попријатно.
Потопете ги краевите на чашата во сок од лимон, а потоа во шеќер и ставете ја во замрзнувач половина час додека ги мешате состојките.
Ефектот на замрзната чаша ќе трае околу 15 минути, но е многу ефектен, а истото може да се направи и со коцки мраз во кои ќе ставите цветови или други декорации.
Уништување на прашински грини
Тие се големи предизвикувачи на алергии кои живеат во постелнината, ќебињата и перниците, а постојаното менување не е решение, бидејќи тие изумираат само на високи и ниски температури.
Затоа, протресете ја постелнината, ставете ја во кеса и оставете во замрзнувач цела ноќ. Грините ќе изумрат и ќе се спасите од алергии.
М. М. | Црнобело