Како да се „спасите“ од жештината, без да вклучувате клима уред?
Има многу луѓе кои во овој период кога температурите почнуваат да се зголемуват, се двоумат дали е време да почнат да ја вклучуваат климата.
Голем дел сакаат да издржат што е подолго без клима, прво бидејќи потоа создава еден вид зависност, а второ бидејќи не е добро за здравјето постојано да сте изложени на клима.
А, мора да бидеме реални дека постојат и домови без клима уред, па мора да се снаоѓаат кога ќе почнат горештините.
Посебно е тешко навечер кога не можете да спиете од топло, а секако не сакате да климата да лади цела вечер.
Па, како да го изладите домот и креветот без да вклучувате клима?
За собата да ви биде ладна навечер, мора да ја одржувате ладна преку ден
- За собата да биде ладна, важно е правилно да ја проветрувате и не е потребно цел ден да биде отворено. Затворете ги прозорците кога температурата е над 25˚С, а коа ќе падне, повторно отворете ги. Најдобро е да ги отворате прозорците рано наутро до 9-10 часот и потоа повторно по 20 часот.
- За во домот да не влегува премногу сончева топлина, треба да користите соодветни завеси. Не купувајте синтетички зависи бидејќи лесно се загреваат и прават уште потопло. Најдобро е да користите завеси од квалитетен, природен и густ материјал во бела или светла боја.
- За топлината да не се задржува во домот, важно е да се ослободите од сите предмети кои собираат прашина – тепих и огромни перници. Така воздухот ќе биде почист и поладен.
- За време на проветрувањето, може да намокрите пешкир и да го закачите или постелите пред прозорецот. Така собата побрзо ќе се излади, но не го оставајте премногу долго.
- Навечер, исто така можете да го намокрите подот со крпа, а температурата малку ќе се намали и ќе може поудобно да спиете.
Вентилатори на плафон
Тие не се многу скапи, се закачуваат лесно и добро ја ладат собата. Некои од нив имаат посебни позиции за две годишни времиња, па потрудете се да биде префрлено на „лето“.
Ако не можете да најдете прекинувач, проверете ги перките – тие треба да се вртат во насока обратна од часовникот.
Домашно направен „клима уред“
Обичниот мал вентилатор нема моќ да го излади воздухот, а некогаш може да се случи токму спротивното.
Но, вентилаторот може да се претвори во замислен клима уред. Замрзнете две шишиња со вода и ставете ги пред вентилаторот, а ладниот воздух ќе се прошири низ цела просторија. Шишињата може да ги менувате на неколку часа.
Изладете го креветот и постелнината
- Ако постелнината ви е сатенска или синтетичка, заменете ја со природен материјал, памук или свила. Памучните чаршави апсорбираат пот и одржуваат ладовина. Природната свила пак, е многу лесна и може минимално да ја лади кожата.
- Исто така носете пижами од памучен материјал или спијте без облека, бидејќи тоа е исто така докажано како корисно за здравјето.
- Наутро, можете да ја здиплите постелнината и завиткана во кеса да ја ставите во фрижидер (не во замрзнувач) да се лади цел ден, а навечер да ја постелите на кревет.
Доколку сепак се одлучите за клима уред
Не оставајте климата да дува цела вечер со цел да се заштитите првично здравствено. На новите уреди има опција за автоматско гасење кога ќе се постигне посакуваната температура.
М. М. | Црнобело