Корисни совети: Како да ги перете патиките во машина, без да ги оштетите?
Во сезоната кога најмногу се носат бели и светли летни патики, сè што ви е потребно е да знаете како да ги одржувате чисти.
Перењето и триењето со рака нема многу да ви помогне, само повеќе ќе се измачите без да постигнете посебен ефект.
Доколку сакате да ги перете во машина, а не знаете како правилно да го направите тоа за да не ги уништите, следните совети ќе ви помогнат во тоа.
Иако на прв поглед е едноставно, сепак треба да внимавате на неколку работи.
Мини совети кои ќе ви помогнат подобро да ги исперете патиките во машина:
1. Ставете по 3 лажички сода бикарбона во секоја патика и оставете ги да отстојат во текот на ноќта. Следното утро отстранете ја содата.
2. Извадете ги врвците и ставете ги во навлака или посебна торбичка за да не се уништат. Ако патиките немаат врвци, директно преминете на следниот чекор - исчистете ги со четка сите нечистотии, како кал и други остатоци.
3. Ставете ги патиките во машина заедно со неколку пешкири (најдобро 4-6) за да направат рамнотежа и да спречат патиките да се удираат по ѕидовите.
4. Користете течен детергент (ако е многу нежен материјалот ставете течен сапун) и вклучете ја машината на ладно перење. Во зависност од машината, програмата би требало да трае 30-40 минути.
5. Извадете ги патиките од машината и оставете ги да се исушат. Никогаш не ги оставајте во машина за сушење, бидејќи температурата може да го уништи лепакот, а со тоа и целата патика.
М. М. | Црнобело