Како да ги „светнете“ белите патики за да ги износите и оваа пролет?

Белите патики изгледаат најубаво кога се нови и тоа е факт. Но, по неколку недели многу лесно може да го изгубат белиот сјај, а веќе по неколку месеци изгледаат износено и старо.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-01.jpg

Зависно од материјалот, дали се кожени или платнени, треба да го одредите правилниот начин како повторно да ги „светнете“ како нови, без да ги оштетите.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-14.jpg

Советите и триковите во продолжение ќе ви помогнат да ги подготвите белите патики за пролетни комбинации:

Измешајте ¼ детергент за миење садови со 2 шолји топла вода. Со чисто сунѓерче истријте го платното, а со стара четка за заби истријте ја гумата. Пребришете со влажна, па со сува крпа и оставете да се исушат.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-02.jpg

За полесно сушење, може да ги наполните со хартија која ќе ја впие влагата. Влошките и врвките сушете ги одделно.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-03.jpg

Исто така, може да направите мешавина од 1/5 избелувач и 4/5 млака вода и со чиста четка за заби да ги истриете целите патики за да ги избелите. Потоа исплакнете со вода и сушете на место каде нема влага.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-09.jpg

За да ја исчистите гумата на ѓонот на белите патики може да користите и бела паста за заби, која ќе ја втриете со четкичка. Потоа само пребришете со влажна крпа.

За белите старки може да користите мешавина од 1 лажичка сода бикарбона и малку оцет. Добиената паста нанесете ја на патиките со нежна четкичка и кратко триење. Оставете да отстои неколку минути, а потоа исперете ги старките во машина за облека.

Сушењето на патиките ќе биде полесно и побрзо доколку ги закачите за јазикот.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-04.jpg

Гумениот дел кај прстите може да го исчистите со парче лимон, па потоа да пребришете со влажна крпа.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-13.jpg

Кожените бели патики се чистат исклучиво откако ќе ги извадите врвките од нив.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-06.jpg

Надворешноста пребришете ја со мокра крпа натопена во млака вода за да ја отстраните прашината. Валканите делови исчистете ги со нежно нанесување на бела паста за заби која ќе отстои неколку минути. Потоа со мека четка и кружни движења, чистете ја површината.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-05.jpg

Кога ќе завршите, пребришете со мокра, па сува крпа.

За да додадете сјај на кожата измешајте половина шолја маслиново масло со малку оцет во шише со распрскувач. Нанесете слој од мешавината, почекајте 10-тина минути, а потоа повторно пребришете.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-11.jpg

Доколку на патиките има гребаници, може да ги покриете со бел лак за нокти.

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-07.jpg

Неколку видеа кои може да ви помогнат во процесот на чистење:

И финалниот резултат ќе биде фантастичен!

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-15.jpg

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-16.jpg

kako-da-gi-svetnete-belite-patiki-za-da-gi-iznosite-i-ovaa-prolet-17.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 работи на кои не обрнувате внимание во продавница, а се корисни за домот Додаток за чешма за поубаво распрскување на водата, вакуум ќеси за складирање об...
Совети како да се грижите за подот да делува како да е нов и по долго време Без оглед дали дома имате (или сакате да ставите) паркет, ламинат или линолеум, ...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg