Домаќински трикови собрани на едно место кои со сигурност ќе ви се најдат
Кога ќе помислите дека сте виделе сè, секогаш се лажете. Благодарение на интернетот, никогаш не е доста од нови идеи и трикови на секое поле.
Па така, кога се работи за домаќинството, има премногу трикови кои може да ви го олеснат животот.
Ќе ви се најдат во секоја прилика, а вам можеби никогаш не би ви паднале на памет.
Неколку идеи за во домаќинството:
1. Овошјето ќе стои подолго во садот на маса ако ставите и лимон.
2. Ставете ги компирите и кромидот во држач на папки и чувајте ги во шкафче во кујна.
3. Нов начин на складирање градници без да се уништат.
4. Влакната од тепихот лесно може да се исчистат со бришач за стакла.
5. Доколку имате стари кутии од CD-иња, искористете ги за складирање кабли.
6. Ако сакате да пренесете повеќе парчиња облека без да се изгужваат, закачете ги и ставете ги во вреќа за ѓубре.