Грешки кои може да го претворат чистењето на домот во губење време
Никој не сака да го помине цел ден во чистење и тоа е сосема очекувано.
Но, сепак чистењето во домот е обврска која секој треба да си ја сфати како нормална и да ја практикува почесто, за да биде полесен процесот.
Многупати домаќинските трикови и совети за подобро чистење ни се на сите од корист, бидејќи често правиме некои работи погрешно.
Па така, целиот ден поминат во „генералка на домот“ може да се претвори во губење време.
Затоа, прочитајте кои се грешките кои не треба да ги повторувате:
1. Го ставате средството за чистење директно на површината за што прашината полесно се лепи. Ставајте го средството на крпата.
2. Користите стара облека наместо специјална крпа за бришење прашина која нема да остави траги.
3. Користите прашко мислејќи дека ќе исчисти совршено, но всушност повеќе крева прашина која за кратко повторно ќе се наталожи на истото место. Користете крпи од микрофибер.
4. Ставате премногу средство, но правилото „повеќе е подобро“ не секогаш функционира и во хемикалиите за домаќинство и кога се во голема количина може само да бидат штетни.
5. Неправилно ги редите садовите во машина во иста насока. Садовите полесно ќе се исперат ако ги ставите „со лицето“ кон центарот на машината.
6. Мешате средства за чистење со различни својства и состав. Со тоа го ризикувате како мебелот, така и вашето здравје заради реакцијата на хемикалиите кога ќе се измешаат.
7. Ги бришете прозорците кога е сончево, а така може помалку да ги забележите трагите одблизу. Подобро е да ги бришете на облачен ден, но да не врне.
М. М. | Црнобело