Домаќински трикови со кои перењето ќе ви биде полесно и поевтино

Сега на едноставен и штедлив начин ќе се збогувате со масните дамки, пожолтената бела облека и избледената црна облека.

domakjinski-trikovi-so-koi-perenjeto-kje-vi-bide-polesno-i-poeftino-01.jpg

Со толку многу обврски околу домот, сигурно перењето е последната работа што сакате да ја правите, но едноставно е неизбежна.

Покрај тоа што ви одзема време и енергија, таа одзема и многу пари.

За да го направите полесно и поевтино перењето следете ги овие трикови:

Направете сами отстранувач на дамки

Училиште, работа или дома, дамките од мастило се секојдневие.  За да ги отстраните нанесете алкохол со помош на памукче на дамката и нежно тријте додека не ја отстраните.

За оваа намена можете да користите и лак за коса.

Збогум потемнета бела облека

Наместо средства со токсични материи, направете сами природно белило за облеката со само две состојки: две лажички лимонов сок и половина чаша хидроген пероксид.

Измешајте ги добро и истурете ги во машината за алишта. Вашите алишта ќе побелат.

Збогум на непријатниот мирис на облеката

Телесната пот и нечистотиите може да се наталожат во вашите алишта и да им дадат непријатен мирис. Најдобар начин за да се ослободите од него е да ги испрскате со смеса од половина шише оцет и половина вода. Испрскајте ги од двете страни и закачете ги надвор.

Не грижете се за мирисот на оцет, ќе исчезне штом се исушат алиштата.

Домашен омекнувач за алишта

Земете една тегла и измешајте шампон и оцет. Откако добро ќе ги измешате состојките складирајте ја некаде и сипувајте по малку при перењето на алиштата.

Тие ќе бидат меки и ќе мирисаат свежо.

domakjinski-trikovi-so-koi-perenjeto-kje-vi-bide-polesno-i-poeftino-02.jpg

Задржете ја бојата на алиштата со сол

Фрустрирачки е да гледате како ви бледнее омилената маичка со текот на постојаните перења. За да го продолжите нејзиниот век и да ја зачувате свежината на бојата, ставете ја во леѓен со вода во која има една кафена лажичка сол.

Нека отстои половина час, па ставете ја маичката во машината.

Спас од масните дамки

Една бела креда ќе ве спаси од многу главоболки. Масните дамки истријте ги со кредата, правот од неа ќе ја апсорбира маснотијата и нивното отстранување со сапунот при перењето ќе го направи многу полесно.

Од дамки од зејтин до кармин, ова делува на сè.

Коцки мраз место пегла

Ако немате време да ги испеглате панталоните, тогаш ставете ги во машината за сушење со неколку коцки мраз.

Но, ставете уште неколку парчиња со нив за мразот да успее да ја направи својата „магија“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg