За здравје, готвење, чистење и убавина: За што сѐ може да користите сода бикарбона?

Сода бикарбоната е фасцинантна состојка која има огромни примени и користи во многу делови од секојдневието.

za-zdravje-gotvenje-chistenje-i-ubavina-za-shto-s-mozhe-da-koristite-soda-bikarbona-01.jpg

Сите ја имаме во домот, а наоѓа примена во секое домаќинство, за чистење, перење, готење, здравствени ефекти, нега и убавина и уште многу  други работи.

Доколку за нешто од ова не сте знаеле, вреди да прочитате, бидејќи може да ви се најде во секој момент.

За што сè може да користите сода бикарбона во секојдневниот живот:

За перење облека

Растворањето на сода бикарбона во вода и директно нанесување врз облека или во машина за перење ќе помогне за:

  • Омекнување на облеката и елиминирање на непријатни мириси
  • Отстранување на жолти дамки од облеката и долната облека
  • Зголемување на ефектот на белење за време на перењето
  • Отстранување на дамки од овошје и вино
  • Отстранување на дамки од масло
  • Отстранување на дамки од мастило

za-zdravje-gotvenje-chistenje-i-ubavina-za-shto-s-mozhe-da-koristite-soda-bikarbona-02.jpg

За во кујна

Сода бикарбоната е многу ефективен и природен чистач, а ако ја ставите на крпа или сунѓер може да ви помогне за:

  • Чистење на микробрановата и рерната
  • Отстранување на масни дамки од дрвениот мебел
  • Дезинфекција на работната маса
  • Чистење на копчињата без да ги отстраните боите или показателите
  • Отстранување на дамки од чај и кафе на работната површина
  • Чистење на стаклените површини
  • Миење на овошје и зеленчук за ослободување од пестициди
  • Чистење на внатрешноста на фрижидерот и замрзнувачот
  • Отстранување на залепените остатоци од храна во тавите

za-zdravje-gotvenje-chistenje-i-ubavina-za-shto-s-mozhe-da-koristite-soda-bikarbona03.jpg

За чистење на домот

Растворете малку сода во вода и ќе добиете средство за чистење на многу работи. Искористете го како спреј или со помош на крпа ќе ви помогне за:

  • Чистење накит, метални аксесоари и полирање на хромирани работи
  • За дезинфекција на бањата и подот, како и отстранување на мувла од завесите во бањата
  • За отпушување цевки
  • За чистење решетки од скара
  • За избелување на чевлите
  • За чистење на пеглата за облека
  • За чистење на плишани играчки

za-zdravje-gotvenje-chistenje-i-ubavina-za-shto-s-mozhe-da-koristite-soda-bikarbona-04.jpg

За непријатни мириси

Сода бикарбоната исто така е моќен неутрализатор на мириси, па ставете ја на крпа или оставете ја во шолја. Ќе ви помогне за:

  • Ослободување од непријатен мирис во чевлите
  • Елиминирање на непријатен мирис од рацете
  • Отстранување на мирисот од фрижидер или микробранова
  • Елиминирање на лошиот мирис од кантата за ѓубре
  • Ослободување од мирисот на урина на домашните миленици
  • Отстранување на застоениот мирис на душекот
  • Спречува умирисување на облеката во куфер
  • Миризба во автомобил

za-zdravje-gotvenje-chistenje-i-ubavina-za-shto-s-mozhe-da-koristite-soda-bikarbona05.jpg

Состојка за готвење

Речиси во секое домаќинство има сода бикарбона, а истата наоѓа голема примена во готвењето, како на пример за:

  • За омекнување на говедското и пилешкото месо
  • За пирето од компир да биде уште помеко
  • За неутрализирање на киселината во сокот од портокал
  • За задржување на белата боја во карфиолот и ослободување од силниот мирис

za-zdravje-gotvenje-chistenje-i-ubavina-za-shto-s-mozhe-da-koristite-soda-bikarbona-06.jpg

За здравствени проблеми

Сода бикарбоната може да помогне и за решавање на некои ситни проблеми во организмот и телото. Измешајте ја со вода и користете ја како топла облога, направете гаргара или испијте ја, зависно од потребата, а може да помогне за:

  • Полесно варење на храната
  • Ослободување од гасови предизвикани од претерано консумирање зеленчук
  • Намалување на иритација од отров или изгореница од медуза
  • За чистење на затнат нос
  • Ослободување на болка во зглобовите
  • Смирување на изгорен јазик
  • Смирување на киселини

za-zdravje-gotvenje-chistenje-i-ubavina-za-shto-s-mozhe-da-koristite-soda-bikarbona-07.jpg

За дентално здравје

Гаргара со сода бикарбона и вода исто така има корист и за денталното здравје, а ќе ви помогне за:

  • Спречување на забен камен
  • Ослободување од лошиот здив
  • Против гингивитис
  • Лекува ладни рани и распукани краеви на устата
  • Ги чисти забите

za-zdravje-gotvenje-chistenje-i-ubavina-za-shto-s-mozhe-da-koristite-soda-bikarbona-08.jpg

За нега на коса и лице

Сода бикарбоната е верен пријател кога станува збор за убавината. Може да ја користите за:

  • Спречување на иритации на кожата после бричење
  • Борба против акни и црнки, се користи како пилинг (помешана со други состојки)
  • Ослободување на токсините од кожата
  • Миење на косата без шампон (во вонредни ситуации)
  • Спречување првут
  • За избелување на темните делови под пазувите
  • За омекнување на кожата на лактите и колената

za-zdravje-gotvenje-chistenje-i-ubavina-za-shto-s-mozhe-da-koristite-soda-bikarbona-09.jpg

Други интересни примени на содата

Во случај на пожар, сода бикарбоната може да се користи како направа против пожар

  • Против инсекти – мравки, лебарки
  • Против штетници во градината

za-zdravje-gotvenje-chistenje-i-ubavina-za-shto-s-mozhe-da-koristite-soda-bikarbona-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот? Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg