8 работи кои не треба да ги загревате во микробранова во никој случај
Микробрановата печка е спас на секоја модерна домаќинка. Сите знаеме колку е корисна и колку време ни заштедува, но не сите сме свесни за штетата која можеме да ја направиме.
За да избегнете незгоди, избегнувајте да ги загревате овие 8 работи во микробранова:
1. Овошје
Одредени овошја, како јаболка и банани, го губат својот вкус и текстура ако ги загреете во микро. Грозјето на пример, може да експлодира, додека сувите овошја како сливи и грозје може да предизвикаат чад.
2. Кутии за носење на храна
Лесно запаливи, посебно ако на себе имаат метален дел, може трајно да ја оштетат микро печката.
3. Алуминиумска фолија
Било која фолија, посебно алуминиумската, може да ја оштети микробрановата.
4. Пластика
95% од пластиките кога ќе се загреат испуштаат токсини.
5. Јајца
Сосема очекувано, јајцето ќе се наполни со пареа, ќе се подуе и има големи шанси да експлодира. Доколку сакате да сварите цело јајце во микробранова, направете мало дупче од каде пареата ќе може да излегува.
6. Термоси
Бидејќи повеќето се направени од пластика или метал, избегнувајте нивно загревање.
7. Замрзнато месо
Замрзнатото месо, доколку го ставите директно во микробранова, ќе се испече нерамномерно. Внатрешноста ќе остане жива, а рабовите ќе бидат веќе испечени.
8. Хартиени кеси
Исто како и пластиката, така и кафеавите хартиени кеси испуштаат токсини на повисока температура.
М. Д. | Црнобело