Едноставни трикови во домаќинството што ќе ви го олеснат животот
Стоп за тркалањето на шишињата во фрижидерот, за губењето на копчињата од кошулите и за поцрнувањето на бананите!
Некои ситуации со кои се судираме речиси секојдневно знаат навистина да не изнервираат, а бидејќи треба да целиме кон живот исполнет со насмевки, треба да го спречиме тоа.
Потребни ни се трикови кои ќе ни ја подобрат продуктивноста во домаќинството и нашиот дом ќе го направат подобро место за живот.
Дел од овие трикови за во домаќинството сигурни сме дека со радост ќе ги примените во вашето секојдневие:
1. Избегнете го тркалањето на шишињата во фрижидерот со помош на штипка за хартија.
2. За да го забавите созревањето на бананите ставете најлонска фолија кај дршката.
3. Нанесете капка проѕирен лак за нокти на копчето за да го спречите неговото губење.
4. Користете гумени ластичиња за да го спречите лизгањето на облеката од закачалките.
5. Бојадисајте ја вашата стара цедалка и претворете ја во прекрасна саксија за цвеќе.
6. Етикетата од искористеното пакување стапчиња за уши заменете ја со некоја ткаенина и ќе добиете одлично место за складирање на вашите шноли.
7. Организирајте ги вашите фармерки и панталони користејќи закачалки наменети за во тоалетот. Евтини се и лесно ќе го грабнете посакуваниот пар наутро.
8. Старата кутија од вашите очила, со малку креативност, претворете ја во место за складирање на игли и конци.
9. Ставете свеќи во празни тегли и внесете романтика во вашиот дом.
10. Кога бушите со бормашина ставете самолепливо ливче на ѕидот оддолу за да не паѓа прашина на подот.
11. Старите кошули претворете ги во уникатни навлаки за вашите перници.
12. Засадете билки во старите тегли и направете уникатна градина во домот.
С. С. | Црнобело