Зошто не треба да ги чувате јајцата во вратата од фрижидерот?

Постојаните промени на температурата можат да доведат до расипување на јајцата.

zoshto-ne-treba-da-gi-chuvate-jajcata-vo-vratata-od-friziderot-01.jpg

Речиси сите кога го отвораме фрижидерот прво што ни паѓа во очи се јајцата складирани на вратата. Во голем дел од фрижидерите, дури постои и специјално место направено за тоа.

Чувањето на јајцата во фрижидерот ги одржува подолго време свежи отколку чувањето на собна температура, но дали сте знаеле дека чувањето на јајцата во вратата од фрижидерот е погрешно според експертите?

Како причина за ова се наведува дека јајцата складирани на овој начин постојано се изложени на ненадејна промена на температурата, при секое отворање и затворање на вратата од фрижидерот повеќе пати во текот на денот. Тоа прави да се расипуваат побрзо отколку кога се чувани на константна температура.

zoshto-ne-treba-da-gi-chuvate-jajcata-vo-vratata-od-friziderot-02.jpeg

Сара Бенвел од познатиот кулинарски сајт „Good Housekeeping“ вели дека најдобро е јајцата да ги чувате во кутија на средната полица во фрижидерот, затоа што таму температурата е најконстантна, дури и кога фрижидерот се отвора и затвора повеќе пати.

Исто така, чувајте ги настрана од сурово месо за да избегнете контаминација.

Експертите препорачуваат јајцата да ги извадите од фрижидерот 30 минути пред готвењето и да ги чувате на соба температура, за нивната корупка да не пукне при ненадејна промена на температура.

zoshto-ne-treba-da-gi-chuvate-jajcata-vo-vratata-od-friziderot-03.jpeg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставни совети со кои ќе им го продолжите рокот на траење на апаратите во домот Не го чувајте фенот во бањата и немојте да оставате предмети врз лаптопот. Со ко...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
7 работи поради кои кујната секогаш ќе ви делува хаотично Мијалник кој мириса непријатно и во совршено уредена кујна, премногу магнети на ...
14 бескорисни работи што ги чувате дома со години (а време е да ги фрлите) Работи кои си го изгубиле својот пар, како чорапи или ракавици, но и бескорисни ...
9 работи кои (веројатно) ги чувате во замрзнувач и е редно да ги фрлите Оброци во пластични кутии кои не ни препознавате што се, месо со замрзната течно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg