9 чекори за домот да ви биде среден за помалку од 20 минути

Без разлика на тоа дали треба да ви пристигнат неочекувани гости или се подготвувате во последен момент, речиси секој барем еднаш во животот чистел панично.

9-cekori-za-domot-da-vi-bide-sreden-za-pomalku-od-20-minuti-01.jpg

И секако, почетокот е најтежок, ама компанијата „Fantastic Services“ за чистење открива како самите можете да направите домот да ви заблеска за помалку од половина час без разлика на тоа колку ви е голем домот.

9 чекори за панично чистење на домот:

1. Изгасете ја музиката

Ви се чини како чуден совет? Ама професионалните чистачи од „Fantastic Services“ велат дека музиката само ви го одзема вниманието, па најдобро е да се фатите на работа во комплетна тишина.

2. Отворете ги прозорите

Дури и ако е студено, отворете ги прозорите. Свежиот воздух ќе ви даде повеќе енергија и мотивација за чистење, плус ако има непријатна миризба ќе исчезне.

3. Соберете ја облеката

Облеката која е расфрлана во дневната инстантно прави домот да ви изгледа валкано и нечисто, па најдобро е да ја соберете, како за почеток, доволно е да ја фрлите во корпата за валкана облека.

4. Кренете си го креветот

Можеби никој нема да ви влезе во спалната, ама тоа не значи дека не треба да ја средите. Како за почеток, средете си го креветот.

5. Исчистете го подот

Одзема време, ама доволно е барем со метла или правосмукалка да ја соберете прашината и секако, почнете со дневната, а потоа преминете на другите делови од домот.

6. Користете само едно средство

Добро е да имате едно милтифункционално средство со кое можете да прскате насекаде во домот и по брза постапка да избришете сè.

7. Фрлете ги отпадоците

Не оставајте отпадоци дома, сè што е расфрлано, насобрано по кантите и надвор, соберете го и фрлете го.

8. Исчистете го тоалетот

Никому не му е омилена работа да го средува тоалетот, ама добро е кога ќе ви дојдат гостите и тој да биде барем малку среден. Барем тоалетната школка добро е да е чиста.

9. Соберете ги садовите

На крајот, доколку имате време добро би било и да ги соберете садовите на едно место, како во машината за садови.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg