10 неочекувани ситуации во кои ќе ви се најде чајот

Ви откриваме десет практични начини за примена на чајот кои сигурно не сте ги знаеле досега.

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot1.jpg

Чајот е вториот најконсумиран пијалак во светот, веднаш после водата. Но, покрај тоа што е омилен напиток на многумина, тој може да биде подеднакво полезен и во домаќинството, градинарството и во третманите за убавина.

За таа цел, ви претставуваме десет нови начини на кои можете да го примените во секојдневието.

Можеби никогаш не би ви паднало на памет да го употребите во овие ситуации, а е особено корисен: 

1. Како зачин и одличен додаток во кујната

Листовите од чајот може да се искористат како зачин при готвењето солени јадења. Зелениот чај одлично се сложува со зеленчукот, бидејќи има мошне сличен вкус со темниот лиснат зеленчук, како што се спанаќот или кељот.  Понатаму, чајот може да го употребите речиси на ист начин како ориганото и мајчината душица. Сварениот црн чај, пак, може да послужи како маринада за месото, бидејќи е богат со танин, па секое парче месо ќе се топи во уста по печењето.

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot2.jpg

2. Докажана делотворност при замор и отечено лице

Зелениот чај е богат со антиоксиданси, па може да се искористи при парење на лицето, за да ги отворите порите и полесно го исчистите лицето. Може да се употреби и ладниот чај, како течност за секојдневно миење на лицето. Кесичките од сварениот чај, пак, откако ќе се оладат, нанесете ги на очните капаци. Во рок од 15 минути ќе ги отстранат трагите на замор и потеченост на очите.

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot3.jpg

3. Ублажување на убоди и исеченици при бричење

Влажната кесичка чај ќе го ублажи чувството на пецкање при исеченици (добиени при бричење на нозете), ќе го запре крварењето и смали црвенилото. Оладената вреќичка чај ќе го намали и јадежот и воспалението, предизвикани од осип на телото или убод од инсект.

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot4.jpg

4. Направете си течност за свеж здив

Сварете послаб чај, за да добиете потполно природно средство за плакнење на устата, кое ќе ви овозможи секогаш да имате свеж здив. За таа цел, најефикасни се зелениот чај и чајот од нане.

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot5_copy.jpg

5. Освежувач на просторот со омилениот мирис

Капнете неколку капки од омиленото мирисливо масло на веќе искористената и исушена кесичка чај. Бидејќи повеќето чаеви во кесичка имаат и конче, можете да ги закачите каде и да посакате. Кога мирисот ќе се истроши, повторно додадете само неколку капки масло. Маслото ќе и даде пријатен мирис на просторијата, а истовремено, чајот ќе ги впие сите непријатни мириси кои евентуално ќе се појават.

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot6.jpg

6. Полирање на мебелот и паркетот, како и чистење на огледалата

Навлажнете ја крпата за бришење со ладен чај, за да им ја вратите природната боја и сјајот на мебелот и подовите. Белиот и зелениот чај најдобро одговараат за светли површини, додека црниот чај ја враќа богатата боја на потемните површини. Воедно, чајот е делотворен и за отстранување на нечистотијата и мрсните дамки, па на истиот начин може да ги исчистите и огледалата во домот.  

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot7.jpg

7. Природен начин за освежување на килимите

Расфрлајте влажни ливчиња чај по килимите и оставете ги да отстојат додека во целост не се исушат. Покрај тоа што ќе ги впијат непријатните мириси, зад себе ќе остават арома на камилица, портокал, јаболко… зависно од видот на чај кој сте го одбрале. Откако ќе се исушат, само вшмукајте ги со правосмукалка. Сувите листови чај, пак, се ефикасни во апсорпцијата на мириси во фрижидерот.

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot8.jpg

8. Полесно миење на мрсните садови и загорените тави

Во жешка вода, потопете ги мрсните чинии и додадете чај, па оставете ги да отстојат во текот на ноќта. Танинот од чајот ќе ги растопи маснотиите, по што миењето на садовите ќе ви пројде многу поедноставно следното утро. Мрсните тави, пак, можете да ги исчистите поминувајќи ги со кесички чај, кои што ќе ја впијат маснотијата. Две кесички чај би требало да ви бидат сосема доволни за чистење на една тава, а се разбира, станува збор за чај кој веќе бил искористен за подготовка на пијалак.

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot9.jpg

9. Ослободете се од глувците, пајаците и мравките

Глувците не се љубители на мирисот на чај. Затоа, поставете го во кујнските ормани, во шпајзот и на сите други места каде би можеле да се појават овие непожелни гости. За дополнителна заштита, на чајот додадете и неколку капки масло од нане. Не само што ќе ги истерате глувците, туку ќе ја спречите појавата и на останати натрапници, како што се пајаците и мравките, на потполно природен начин, оставајќи притоа прекрасен мирис.

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot10.jpg

10. Нахранете ги вашите рози

Закопајте ливчиња од чај (искористен или не) во почвата околу грмушката на розата. Кога ќе ја полевате со вода, чајот ќе испушти состојки што ќе го поттикнат нејзиниот раст. На билките, а особено на розите, им одговара танинската киселина што ја содржи чајот.

10-neochekuvani-situacii-vo-koi-kje-vi-se-najde-chajot11.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Како најлесно да ја исчистите завесата во бањата? Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не з...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg