Колку често треба да ги миете четките и чешлите за коса?
На четките и чешлите за коса со текот на употребата се собираат мртви клетки од кожата на темето, па и бактерии посебно кога косата ја чешламе мокра.
Затоа, важно е истите редовно да ги миете. Секако не толку често колку што ја миеме и косата, ама важно е да не го забораваме тоа.
Фризерите препорачуваат четките и чешлите да ги третирате како четките за нанесување на шминка.
„Валканите четки и чешли се плодно тло за бактерии. Добро мијте ги еднаш месечно со врела вода и шампон“ - вели експертот за коса и сопственикот на фризерски салон, Ерол Даглас.
Внимавајте и на тоа какви четки употребувате за да спречите оштетување на косата.
За расчешлување додека косата ви е уште мокра најдобро е да користите чешел со широки запци, а четка за стилизирање.
Н. Г. | Црнобело