Трикови со кои автомобилот ќе ви блесне
Сите мислат дека перењето на автомобил е тешко, па за да се ослободат од грижите, сопствениците ги носат своите автомобили на перење.
Но, сепак постојат неколку трикови со кои можете да заштедите пари, а да го добиете истиот резултат.
Како на едноставен начин можете сами да ги исперете скоро сите делови од автомобилот?
Клима уред
Започнете со чистење на отворот. Со сува четка или сунѓер извадете ги сите нечистотии.
Филтер за воздух
Ако во автомобилот имате филтер за воздух што се отстранува, извадете го и заменете го за да се ослободите од непријатните мириси. Проверете во упатството на автомобилот дали можете да го направите тоа.
Отпадоци
Пред да започнете со темелното чистење, извадете ги патосниците и соберете ги отпадоците од автомобилот во пластична кеса.
Кожа
Со сунѓер може да се отстрани нечистотијата, залепените гуми за џвакање или дамките од лепило на кожните површини.
Лепливи дамки и гуми за џвакање
Земете стара четка за заби и темелно истријте го делот каде што е залепената дамка.
Маслиново масло како восок
На кожните површини можете да употребите маслиново масло за поголем сјај.
Влакна од животни
Чистењето на седиштата од домашни миленичиња е многу лесно со помош на бришач и обична вода. Потоа, поминете ги седиштата со правосмукалка.
Рабовите и преклопите на седиштата
Не заборавајте на скриената нечистотија во наборите од кожата на седиштата. Земете четка со убави влакна и правосмукалка.
Дамки од восок
Ако на седиштата или патосниците имате дамки од восок, тие може да се елиминираат на многу едноставен начин - со помош на хартија и пегла.
Седишта
Исчистете ги седиштата со влажен сунѓер, четка или обична крпа и прашок за перење облека. Наместо прашок, можете да користите и вода со сапуница и сода бикарбона.
Патосници
Патосниците од автомобилот испрскајте ги со средство за отстранување дамки и оставете да се апсорбира. Потоа, можете да ги ставите во машина за перење и да се исперат целосно со прашок за перење.
Освежувач на воздух
Кога ќе ја исчистите внатрешноста, направете домашен освежувач за воздух и оставете го во автомобилот.
Надворешноста на автомобилот
Не заборавајте да ги затворите сите врати додека го перете автомобилот однадвор. Одберете соодветна облека, а најдобар начин да се заштитите од прскањето со вода е да носите кабаница.
Стакла
Најдобро е да започнете со шофершајбната. Можете да ја исчистите со разни средства за стакло и обична крпа за стакло. Ова треба да го правите барем двапати месечно.
Бришачи
Бришачите најлесно може да ги исчистите со обична крпа и медицински алкохол.
Фарови
За да добиете совршен сјај, користете паста за заби и вода.
Врвот на прозорите
Не заборавајте да ги отворите прозорите и да го избришете горниот дел, кој собира многу прашина.
Тркала
За крај, темелно чистење на тркалата и гумите за да ја отстраните прашината со помош на вода и тврда четка.
М. М. | Црнобело