9 работи кои можете да ги исчистите со обична паста за заби

Ќе останете зачудени откако ќе откриете за што сè сте можеле да ја употребите пастата за заби, а сепак сте се задржале до нејзината основна употреба.

9-raboti-koi-mozete-da-gi-iscistite-so-obicna-pasta-za-zabi-01.jpg

Некои од идеите може да ви делуваат сомнително и чудно, но верувајте дека вреди да ги испробате:

1. Сребрениот накит повторно ќе светне ако го исполирате со малку паста за заби и стара четка.

9-raboti-koi-mozete-da-gi-iscistite-so-obicna-pasta-za-zabi-02.jpg


2.
Со малку паста за заби на мека крпа можете да ги исполирате и светлата од автомобилот.

9-raboti-koi-mozete-da-gi-iscistite-so-obicna-pasta-za-zabi-03.jpg


3.
За љубителите на старките имаме изненадување - наместо да ги перете и триете со средства, само исполирајте ги со бела паста за заби. Ќе светнат за помалку од 5 минути!

9-raboti-koi-mozete-da-gi-iscistite-so-obicna-pasta-za-zabi-04.jpg


4.
Ако очилата за нуркање ви се замаглуваат, премачкајте ги со паста за заби од внатрешната страна, па потоа добро измијте ги. Никогаш повеќе нема да ви се замагли пред очи.

9-raboti-koi-mozete-da-gi-iscistite-so-obicna-pasta-za-zabi-05.jpg


5.
Флеките на дрвениот мебел исчистете ги со полирање со паста за заби и мека крпа.

9-raboti-koi-mozete-da-gi-iscistite-so-obicna-pasta-za-zabi-06.jpg


6.
Чешмата повторно може да светне ако ја премачкате со паста за заби и оставите малку да делува, па потоа пребришете со мека крпа. Оваа постапка може да ја искористите за сите метални површини.

9-raboti-koi-mozete-da-gi-iscistite-so-obicna-pasta-za-zabi-07.jpg


7.
Со истата постапка можете да ја исчистите и пеглата.

9-raboti-koi-mozete-da-gi-iscistite-so-obicna-pasta-za-zabi-08.jpg


8.
Наместо да ставате заштитна фолија, премачкајте го екранот на телефонот со мала количина на паста и потоа избришете со сува крпа или марамче. Така ќе ги спречите гребнатинките.

9-raboti-koi-mozete-da-gi-iscistite-so-obicna-pasta-za-zabi-09.jpg


9.
Пастата за заби може да ве спаси и од обоените нокти после чистењето со ацетон.

9-raboti-koi-mozete-da-gi-iscistite-so-obicna-pasta-za-zabi-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Совети како да се грижите за подот да делува како да е нов и по долго време Без оглед дали дома имате (или сакате да ставите) паркет, ламинат или линолеум, ...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg