Чист како солза: 4 ефективни совети за одржување на домот

Сигурно ви се случило да имате посебен ден за чистење и тогаш да правите „генералка“ на целата куќа. Ќе се изнамачите и целиот ден ќе го поминете во чистење наместо да излезете или да правите нешто што навистина го сакате. А, следната недела повторно ве чека истата рутина.

cist-kako-solza-4-efektivni-soveti-za-odrzuvanje-na-domot-01

Ако ви е смачено од постојаните „генералки“ тогаш еве 4 ефективни совети како да го одржувате домот чист:

1. Започнете со чисто

Честопати, многу полесно е да го продолжите нештото отколку да го започнете. Ние луѓето, не сме обожаватели на започнувањето и тоа вообичаено ни е најтешкиот дел. Затоа започнете со чистење. Дури и да чистите по една соба во денот, средете ги и другите соби. Кога ќе видите спастрено и чисто, ќе се мотивирате да го одржувате и така многу полесно ќе ви биде.


2. Кревајте откако ќе растурите

Најлесниот начин да одржувате чисто е да створите навика да раскревате откако ќе растурите. На пример, ако дојдете од работа и се преслечете, не оставајте ја облеката на столот. Ако готвите и завршите со некоја алатка, веднаш измијте ја – не ја оставајте во мијалникот, за потоа да ја ставите во машината за перење чинии. Ако можете да одвоите 5 секунди сега, не ќе мора да трошите половина час на миење чинии кога ќе се насоберат.


3. Чистете ги главните елементи дневно

Секоја соба има главни елементи. Во зависност од нашите навики, тие можат да се разликуваат за сосема малку. Под „главни елементи“ подразбираме место/парче мебел од собата каде чистотата или недостатокот од неа прави голема разлика. Станува збор за наместен кревет во спалната, чиста работна маса и мијалник во кујната и наместен мебел и чисто стакло во дневната. Ако овие нешта се нечисти тогаш целата соба ќе изгледа нечиста.


4. Создадете навика

Најдоброто нешто што може да го направите за себе е да создадете дневна рутина за чистење. На крајот од денот може малку да зачистите и да се разбудите во чист дом, а верувајте, тоа прави голема разлика. По вечерата, исчистете ја кујната, направете распоред на перење, одвојте 15 минути пред да легнете за да наместите сѐ што не е на свое место.

Ако имате долга листа на нешта кои треба да ги исчистите, тогаш ќе ви се стемни само што ќе ја прочитате – што значи дека ќе ве мрзи воопшто да започнете и многу повеќе ќе се измачите. Наместо тоа, сѐ што треба е да одвоите половина час од денот за да ги исчистите основните нешта.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
9 работи на кои не обрнувате внимание во продавница, а се корисни за домот Додаток за чешма за поубаво распрскување на водата, вакуум ќеси за складирање об...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg