Како да ги исчистите џемперите и хеланките од топчињата кои се прават по нивната површина? (фото)

Можеби најнезгодната работа која се јавува на меката и волнена облека се топчињата и грутките кои се прават по неколку носења.

kako-da-gi-iscistite-dzemperite-i-helankite-od-topcinjata-koi-se-pravat-foto-01.jpg

Со секое перење се надеваме дека барем дел од нив ќе исчезнат, но со секое повторно облекување сфаќаме дека нема спас.

И наместо да ги оставите омилените хеланки затоа што ве нервираат ситните грутки на нив, обидете се да ги поправите за само неколку минути.

Исперете ги и кога ќе бидат полумокри, добро развлечете ги на еден пешкир.

Земете еден стар брич и започнете да ги „депилирате“ внимателно.

Следен чекор е самолепливата трака или селотејпот која ќе го финишира чистењето. Со неа истапкајте по целата површина, додека сите грутки не се залепат.

kako-da-gi-iscistite-dzemperite-i-helankite-od-topcinjata-koi-se-pravat-foto-02.jpg

Хеланките се како нови!

Истото може да го направите и со џемперите и целата облека која има ситни волнени топчиња.

kako-da-gi-iscistite-dzemperite-i-helankite-od-topcinjata-koi-se-pravat-foto-03.JPG

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
10 грешки при купување на мебел (кои можеби и вие ги правите) Грешка 4: Купувате импулсивно - Запомнете дека вреди да почекате подолго за вист...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg