Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата
-->
Како да ја задржите темната боја на фармерките?
За темните фармерки да не избледат, кога ги перете, ставете ½ шолја алкохолен оцет во машината за перење.
Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата
-->
Гума за бришење ќе ги исчисти дамките од вашите чевли од велур
Како да ставите широки фармерки во тесни чизми?
Превртете ги нагоре ногавиците, ставете ги во чорапи, па тогаш облечете ги чизмите.
Дамките од пот од облеката ќе ги отстраните со сода бикарбона и сок од лимон
Исцедете го лимонот во сода бикарбоната, па со смесата премачкајте го местото кај што е дамката од пот.
-->
-->
Оставете да отстои 15-ина минути пред да ја исперете облеката.
-->
Раширете ги чевлите со мраз
Во чевлите ставете ќеси со вода, па ставете ги во замрзнувач.
-->
Оставете ги преку ноќ, а следниот ден извадете ги, оставете мразот да почне да се топи, па дури тогаш отстранете го од чевлите (за да не ги оштетите).
Но, имајте предвид дека ова не функционира кај лакираните чевли.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам)
„Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата
Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење
Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката
Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите?
Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот)
Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...