Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата
Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за бришење ќе ги исчисти дамките од вашите чевли од велур. Сте слушнале ли за овие трикови со кои облеката ќе ви изгледа беспрекорно?
Што да направите ако новата блуза ви се стесни по првото перење, чевлите ве стегаат иако мислите дека сте ги разгазиле, или ако панталоните ви се лепат на телото поради електрицитет?
Прочитајте ги овие 11 помалку познати трикови кои ќе ви бидат од полза....
Отстранете ја дамката од вода од кожена чанта (или друг предмет од кожа)
Испрскајте го местото со раствор од бел оцет и вода (пола-пола) а потоа внимателно поминете преку него со чист сунѓер.
Само, ова е трик што не треба да го користите многу често за да не ја оштетите кожата.
Дамки од накит на телото
Внатрешноста на прстените, приврзоците, ланчињата и обетките премачкајте ги со проѕирен лак за нокти и тие нема директно да ја допираат вашата кожа, а со тоа нема ни да ви оставаат дамки.
Мрсни флеки на облеката
Ставете „бебешка“ пудра преку мрсната флека и почекајте пудрата да ја впие мрснотијата.
Стеснета блуза по перење
И за ова има решение – ставете ја во топла вода со шампон за бебиња (на 1 литар вода ставете 1 лажица шампон), оставете да отстои половина час, па исцедете ја.
Ставете ја преку рамна површина (на маса, на пример), раширете ја најмногу што можете и преку краевите ставете тешки предмети, па оставете ја да се исуши.