Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови
Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краставица? Корисни кујнски трикови што сигурно ќе ви се најдат во кујната.
Без разлика колку сте вешти во кујна, сигурно сте се соочиле со проблеми кои им се добро познати на сите.
Неколку трикови што ќе ви се најдат во вакви ситуации:
Капакот можете да го потпрете на тенџерето
Кога готвите и сте во хаос, сигурно ви се случило да не знаете што да правите со капакот од тенџерето.
Ако го потпрете на рачката од горната страна, нема да биде стабилизиран, а ако го ставите од другата страна, кондензираната течност може да заврши на масата.
Следниот пат, едноставно, ставете го капакот на рачката од тенџерето како на фотката подолу.
Сечете печурки со ножот за јаболка
Ако имате нож за сечење јаболка, можете да го употребите и за печурки.
Ќе добиете парчиња со иста големина, а притоа лесно ќе ја одвоите и дршката.
Сечете печурки со помош на стапче за раженца
Ако немате нож за јаболка, можете да искористите обични стапчиња за раженца за полесно да ги исечете печурките.
Едноставно, наредете ги за да ги стабилизирате и ќе можете да исечете неколку печурки одеднаш.
Шише и мала кеса за складирање
Ако при рака немате сад за складирање храна, можете да се послужите со мала кеса и пластично шише.
Пресечете го горниот дел од шишето, ставете ја храната во кесата, па протнете го горниот дел низ отворот на шишето.
Потоа само затворете со тапата.
Не ја фрлајте пластичната тапа од маслото
Кога ќе ја отстраните пластичната тапа од шишето масло, не ја фрлајте, туку ставете ја на отворот, но свртена наопаку.
Со ова ќе го намалите дотокот на масло и ќе можете да биде попрецизни.