Секојдневни продукти со кои треба да бидете внимателни кога ги користите

Мускатното оревче може да предизвика труење

Мускатното оревче е одличен додаток во разни оброци и десерти, но мора да бидетe особено внимателни со овој зачин.

Мускатното оревче има состојка која ако се консумира во големи количини, предизвикува непријатни симптоми - гадење, вртоглавица, сува уста…

Ако консумирате големо количество, може да почувствувате и тахикардија, повраќање, па дури и халуцинации.

Генерално, претераното консумирање е токсично, па немојте да внесувате повеќе од 1-2mg дневно.

sekojdnevni-produkti-so-koi-treba-da-bidete-vnimatelni-koga-gi-koristite-05.jpg

Сировото брашно може да има бактерии како ешерихија коли и салмонела

Кога правиме нешто со брашно, обично сме загрижени за јајцата.

Но, бидејќи брашното генерално не е третирано за бактерии и слично, во него можат да се наоѓаат многу бактерии, вклучувајќи салмонела и ешерихија коли.

Овие бактерии се уништуваат со печењето, но нивното присуство значи дека не треба да ризикувате да јадете живо тесто или да им давате на децата да си играат со него.

sekojdnevni-produkti-so-koi-treba-da-bidete-vnimatelni-koga-gi-koristite-06.jpg

Бидете внимателни со капките за очи

Капките за очи кои обично се користат за црвенило и благи иритации можат да бидат многу токсични ако се голтнат.

Тие имаат состојка која може да предизвика драстичен пад на крвниот притисок, а ова може да биде опасно.

Па, чувајте ги капките за очи што е можно подалеку од вашите деца.

sekojdnevni-produkti-so-koi-treba-da-bidete-vnimatelni-koga-gi-koristite-07.jpg

Туната содржи жива која може да биде опасна ако се јаде многу често

Туната содржи жива која не предизвикува проблем ако сте умерени.

Но, ако изедете многу или ако јадете туна секојдневно, живата може да се акумулира во вашиот организам.

Живата се наоѓа и во други риби, но е најзастапена во туната.

Поради ова, препорачливо е да не јадете повеќе од две-три порции туна неделно.

Ако уживате во вкусот на рибата, подобро јадете разни видови во текот на една недела.

sekojdnevni-produkti-so-koi-treba-da-bidete-vnimatelni-koga-gi-koristite-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
8 работи поради кои спалната соба ви е секогаш хаотична Хаосот од расфрланите продукти за убавина и несредениот накит во спалната секако...
Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот? Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...
Трикови со кои во кујната сè ќе ви биде како „под конец“ Чистете ја корпата за отпадоци со парче лимон и искористете ја внатрешноста од в...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg