Секојдневни продукти со кои треба да бидете внимателни кога ги користите
Претераното консумирање цимет може да го оштети црниот дроб, додека мешањето хемиски средства за чистење може да создаде токсичен гас – Со кои продукти што ги користиме секојдневно треба да бидеме повнимателни?
Обично мислиме дека штом користиме нешто скоро секој ден, тогаш сигурно е безбедно.
Иако ова не е далеку од вистината, сепак постојат некои работи со кои треба да бидеме внимателни.
Неколку вакви продукти во продолжение:
Мешањето средства за чистење може да создаде опасен гас
На секое хемиско средство за чистење е нагласено да не го мешате со други продукти. И, треба да го слушате ова предупредување.
Избелувачот во комбинација со средства кои содржат амонијак може да создаде опасен гас кој може да биде и отровен доколку го вдишете.
Па, најдобро не ризикувајте и никогаш не мешајте разни средства за чистење.
Јадењето многу цимет може да биде штетно за црниот дроб
Иако циметот е здрав, ако претерате со консумирање, можете да си создадете проблеми.
Најпрво, честото претерано консумирање цимет може да го оштети црниот дроб.
Исто така, ако изедете многу цимет одеднаш, може значително да ви се намали нивото на шеќер во крвта што, пак, предизвикува замор, вртоглавица и, во посериозни случаи, дури и губење свест.
За возрасните, препорачливо е да консумираат најмногу една мала лажичка цимет во денот. За децата, оваа количина треба да биде помала.
Освежувачите за воздух можат да бидат опасни за милениците
Освежувачите за воздух во форма на спреј, но и оние кои се вклучуваат во штекер, можат да бидат опасни за мачки и кучиња.
Тие содржат хемикалии на кои мачките и кучињата се почувствителни, па можат да им предизвикаат сериозни проблеми со здравјето.
Ако имате миленик, најдобро користете мирисливи свеќи или некоја друга поприродна алтернатива за освежување на воздухот.