Трикови за чистење со продукти што сигурно ги имате дома
Исчистете го бигорот од школката со оцет и сода бикарбона
Направете густа паста од бел оцет и сода бикарбона.
Пред да ја нанесете смесата во школката, препорачливо е да ја избришете – кога е сува, смесата полесно ќе се „залепи“ за неа.
Оставете да делува околу еден час, па потоа истријте со четка.
Исчистете ја рерната со оцет и сода бикарбона
Истата смеса од оцет и сода бикарбона може да ви користи и за чистење на рерната доколку не сакате да употребувате хемикалии.
Направете паста од двете состојки, па нанесете ја во рерната.
Оставете да делува барем еден час, па исчистете ја.
За потврдокорните дамки ќе треба малку да протриете, но ќе излезат релативно лесно.
Исчистете ги ѕидовите со леб
Лесно можете да ги отстраните помалите дамки од ѕидот со обичен леб.
Едноставно, земете парче бел леб и со внатрешниот, бел дел, истријте ја дамката.
Исчистете го приборот со алуминиумска фолија и сода бикарбона
Ако имате сребрен прибор за јадење, можете темелно да го исчистите со едноставен трик.
Во сад ставете парче алуминиумска фолија, па внатре ставете го приборот и прелијте го со врела вода.
Додајте и сода бикарбона – околу една лажица за три литри вода.
Оставете да отстои 30-тина минути, па измијте го приборот.
Спирова С. | Црнобело