Совети со кои фрижидерот секогаш ќе ви биде беспрекорно чист (и храната нема да се расипува)
Редовно пребришувајте го фрижидерот
Нормално, не можете секој ден темелно да го чистите фрижидерот.
Но, еднаш-двапати неделно забришете ги полиците со антибактериско марамче.
Не го преполнувајте
Потребно е во фрижидерот да има доволно простор за циркулација на воздухот, за храната да биде добро изладена.
Ако нема добра циркулација, може да се создаде и влага која, пак, е совршена околина за мувла и бактерии.
Темелно чистете го фрижидерот 2 до 4 пати годишно
Ако често го бришете фрижидерот со марамчиња и правилно ја складирате храната, доволно е темелно да го чистите два до четирипати годишно.
Продуктите на кои им истекува рокот ставете ги на видно место
Ако имате намирници кои треба да се изедат во наредните неколку дена, потрудете се да ги ставите на видно место.
Доколку ги ставите на крајот, сигурно ќе ги заборавите и не само што ќе се расипат, туку бактериите ќе се разнесат низ целиот фрижидер.
Чистете го и задниот дел од фрижидерот
Неретко забораваме да го исчистиме и задниот дел од фрижидерот, но овде лесно се акумулираат прашина и други нечистотии.
А, поради ова, ефикасноста на фрижидерот може да се намали, може да троши повеќе струја, па дури и да се расипе.
Не заборавајте кога темелно го чистите фрижидерот да го исклучите од струја.
Спирова С. | Црнобело