Совети со кои фрижидерот секогаш ќе ви биде беспрекорно чист (и храната нема да се расипува)
Не ја чувајте храната во кеси туку во соодветни кутии и немојте да го преполнувате фрижидерот. Кои други трикови ќе ви помогнат да ја одржувате чистотата на фрижидерот што е можно полесно?
Фрижидерот е еден од најкористените апарати во домот.
Ова, заедно со фактот дека во него чуваме храна, значи и дека фрижидерот се валка навистина лесно.
Но, нема потреба преку еден ден темелно да го чистите.
Доволно е да ги следите следниве совети:
Не ја чувајте храната во кеси
Нормално, најлесно е да ја ставиме храната во фрижидер во кесата во којашто сме ја купиле.
Но, храната која се продава без амбалажа брзо ќе се расипе ако не ја складирате соодветно.
Покрај тоа, низ фрижидерот ќе се разнесат разни бактерии кои можат да завршат и врз другите намирници.
Не ги ставајте сите неотворени продукти во фрижидерот
Ако, на пример, купувате по 2-3 амбалажи млеко одеднаш, нема потреба сите да ви стојат во фрижидерот.
Неотвореното млеко без проблем може да го чувате и во кујнските шкафчиња.
Ако ги наредите сите амбалажи во фрижидерот, ќе ви зафаќаат место, а и поверојатно е по грешка да ги отворите сите, па на крај да мора да ги фрлате.
Чувајте ги свежите зачини во тегли или чаши
Свежите зачини како магдонос секогаш е добро да ги ставите во мала тегла со вода, па потоа во фрижидер.
Со ова значително ќе им го продолжите рокот на траење, а ќе го намалите нередот во фрижидерот.
Обрнете внимание на температурата
Немојте да штедите струја така што ќе го наместите фрижидерот на повисока температура од оптималната бидејќи храната ќе се расипе и ќе создадете совршена околина за развој на бактерии.
Исто така, не е препорачливо ни температурата да биде многу ниска, бидејќи некои намирници можат да замрзнат.
Идеалната температура е околу два-три степени Целзиусови.