Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите
Расфрлани шминки и козметички продукти
Кога се подготвуваме во брзање, на сите ни се случува да оставиме расфрлани шминки и козметички продукти.
Но, ако се подготвувате за гости, не заборавајте да ги средите овие работи.
Валкан лаптоп или телевизор
Најверојатно нема да ви треба лаптопот додека имате гости, но ако планирате од него да пуштате музика или што било друго, добро би било да го исчистите.
Истото важи и за телевизорот. Всушност, исчистете го телевизорот дури и ако не планирате да го користите со гостите бидејќи дефинитивно привлекува внимание кога е валкан.
Овенато овошје
Фрлете го овенатото овошје кое сигурно нема да го изедете и во садот ставете свежо.
Расфрлани четки и сунѓери за чистење
Скријте ја четката за школката во бањата и соберете ги крпите и сунѓерите за чистење.
Дури и ако сте го „светнале“ домот, овие ситници ќе направат да изгледа неуредно.
Валкан подлога за глушец
Подлогата за глушецот се валка многу лесно и важно е да ја чистите редовно, дури и ако не ви доаѓаат гости.
Спирова С. | Црнобело