Работи што ги имате дома кои е препорачливо да ги менувате со нови еднаш годишно

Завеса во бања

Нa завесата во бањата лесно се создава мула и затоа е важно да ја чистите еднаш неделно.

Препорачливо е и да ја заменувате на секоја година бидејќи мувлата може да биде и опасна.

predmeti-vo-domot-koi-e-preporachlivo-da-gi-menuvate-ednash-godishno-06.jpg

Менструални чашки

Ако правилно се грижите за менструалната чашка, би можела да ви трае и неколку години.

Ако сепак не сте многу внимателни, најдобро заменете ја со нова по околу една година за да ги избегнете проблемите со здравјето.

predmeti-vo-domot-koi-e-preporachlivo-da-gi-menuvate-ednash-godishno-07.jpg

Простирка за вежбање

Ако редовно ја користите простирката, добро би било да купувате нова секоја година.

Со вежбањето, материјалот на простирката се троши, може да стане лизгава, а и да почне да се шири непријатен мирис, без разлика колку ја чистите.

predmeti-vo-domot-koi-e-preporachlivo-da-gi-menuvate-ednash-godishno-08.jpg

Филтер за правосмукалка

Ако филтерот не функционира правилно, можете да ја оштетите правосмукалката.

Филтрите се релативно евтини и за да се заштитите од голем трошок (нова правосмукалка), менувајте го филтерот еднаш годишно, дури и порано ако забележите дека правосмукалката се загрева повеќе од вообичаено.

predmeti-vo-domot-koi-e-preporachlivo-da-gi-menuvate-ednash-godishno-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg