6 работи со кои им го отежнувате чистењето на хигиеничарите во вашиот дом

Чистите, вие ставате средства во бањата и не сте јасни со вашите барањата – кои работи (што ги правите од учтивост) само им ја отежнуваат работата на хигиеничарите што ги најмувате за вашиот дом?

6-raboti-so-koi-im-go-otezhnuvate-chistenje-na-higienicharite-vo-vashiot-dom-01.jpg

Во модерно време, кога сите се презафатени со работа, грижа за деца, но и обиди за водење здрав живот, веќе е норма да се најми хигиеничар во домот.

Но, без разлика што платиле за хигиеничарот да им го исчисти домот, многу луѓе (од учтивост) се обидуваат да помогнат.

Проблемот е што со овие постапки всушност ја отежнуваат работата.

Кои грешки треба да ги избегнувате кога најмувате хигиеничар во домот?

Чистите пред да дојде

Зошто воопшто плаќате хигиеничар ако вие го чистите домот пред да дојде?

Во ред е да ја здиплите облеката или да раскревате некои ситници, но нема потреба да чистите потемелно.

6-raboti-so-koi-im-go-otezhnuvate-chistenje-na-higienicharite-vo-vashiot-dom-02.jpg

Постојано зборувате

Ако сте зборлива личност и најдете таков хигиеничар, слободно разговарајте си.

Но, ако забележите дека со разговорот го одвлекувате вниманието од работата, оставете го на мир.

Со ова само ќе го одолговлечите времето на чистење.

6-raboti-so-koi-im-go-otezhnuvate-chistenje-na-higienicharite-vo-vashiot-dom-3.jpg

Го следите наоколу додека чисти

Со овој гест покажувате недоверба и хигиеничарот сигурно нема да се чувствува пријатно.

6-raboti-so-koi-im-go-otezhnuvate-chistenje-na-higienicharite-vo-vashiot-dom-04.jpg

Не сте доволно јасни со вашите барања

Некогаш луѓето мислат дека ќе ги навредат хигиеничарите ако им дадат премногу инструкции за чистење.

Но, со инструкциите вие им помагате.

Секој си го организира домот на различен начин, па хигиеничарот треба да знае што точно очекувате од него.

6-raboti-so-koi-im-go-otezhnuvate-chistenje-na-higienicharite-vo-vashiot-dom-05.jpg

Тргате украси и слично пред да стигне

Можеби мислите дека помагате кога ги тргате предметите од полиците и слично пред да дојде хигиеничарот.

Сепак, со ова можете само да го збуните – тој нема да знае каде ви стојат предметите и нема да знае каде да ги врати.

6-raboti-so-koi-im-go-otezhnuvate-chistenje-na-higienicharite-vo-vashiot-dom-06.jpg

Однапред нанесувате средства во бањата

Точно е дека некои средства во бањата треба да се остават да делуваат некое време, но не им правите услуга на хигиеничарите ако вие ги нанесувате наместо нив.

Можеби хигиеничарот ќе нанесе и друго средство, а комбинацијата на одредени средства може да создаде опасни хемикалии.

Покрај тоа, можеби хигиеничарот ќе задоцни или подоцна ќе почне да ја чисти бањата, па средството ќе се исуши и ќе му отворите дополнителна работа.

6-raboti-so-koi-im-go-otezhnuvate-chistenje-na-higienicharite-vo-vashiot-dom-07_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 работи кои ја нагрдуваат бањата (и гостите секогаш ги забележуваат) Ви се случило ли да влезете во бањата (своја или туѓа) и да не сакате да останет...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg