10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно
Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните апарати и вложите во добро светло, веднаш ќе забележите разлика во изгледот на бањата, и тоа без реновирање.
Без разлика кога последен пат сте ја реновирале бањата, ако не обрнувате внимание на некои ситници, нема воопшто да изгледа убаво.
Работи кои прават бањата да изгледа валкано и неуредно:
Празни амбалажи од шампони
Не постои ниту една причина зошто би ги чувале празните амбалажи од шампони, регенератори и слично.
Покрај тоа што непотребно ви зафаќаат простор, прават и бањата да изгледа неуредно.
Расфрлани кабли од апарати за убавина
Најпрво, не е препорачливо да ги чувате пеглата за коса, машинката за бричење и сличните апарати во бањата поради влагата која може да ги оштети.
Доколку немате друго место за нив, добро би било да ги ставите во корпа или огранизер за да изгледаат уредно.
Крпи со различни бои
Ова е мал детаљ кој може да направи огромна разлика во изгледот на бањата.
Потрудете се крпите да бидат со иста боја и веднаш ќе забележите дека бањата изгледа посредено.
Валкани крпи
Немојте да ги закачувате влажните и валканите крпи во бањата, туку ставете ги за перење.
Покрај тоа што изгледаат расфрлано, во бањата тешко дека ќе се исушат, па ќе почне да се шири непријатна миризба.
Влажно и валкано килимче на подот
Исто како крпите, и влажното килимче може да биде извор на непријатен мирис.
Важно е да го перете килимчето еднаш неделно и кога е многу влажно, да го оставите да се исуши на место без влага.