8 алтернативни начини да го искористите омекнувачот за облека (а да не е за перење)
Отстранува налепници од автомобилот
Ако во автомобилот имате залепено налепница за паркинг, или ви останала некоја стара налепница од регистрација, можете да ја отстраните со помош на омекнувачот за облека.
Прво, излупете колку што можете повеќе од налепницата.
Потоа, за да ги отстраните остатоците од лепилото, разредете го омекнувачот во топла вода.
Важно е соодносот на вода и омекнувач да е во еднакви делови, па на 1 шолја вода ставете 1 шолја омекнувач.
Течноста ставете ја во шишенце со распрскувач и испрскајте го местото што сакате да го исчистите или натопете крпа во течноста и поминете преку областа што треба да се чисти.
Оставете малку да отстои за лепилото да ја впие течноста и потоа лесно ќе го извадите, заедно со остатокот од налепницата.
Како освежувач на воздухот и освежувач на завесите
Завесите апсорбираат секакви мириси – од мирисот на храната што се готви, до чадот од надворешното загадување.
Па наместо постојано да ги перете, можете да ги освежите со домашен мирислив спреј – во шишенце со распрскувач ставете топла вода, додајте малку омекнувач и ½ лажица сода бикарбона, па убаво измешајте.
Испрскајте ги завесите и тие ќе замирисаат убаво. Со истиот домашен спреј можете да го испрскате и мекиот мебел и постелнината, дури и теписите.
Извадете ги тапетите од ѕидовите
Доколку сакате да ги извадите тапетите, тоа ќе го направите полесно со помош на омекнувачот за алишта.
Во кофа со топла вода растворете омекнувач и со влажна крпа (не ја цедете многу) поминете преку тапетите.
По неколку минути тие ќе почнат лесно да се вадат од ѕидовите.
Исчистете ги дамките од дезодоранс од облеката
На дамката од дезодоранс директно истурете малку омекнувач за алишта.
Оставете го да отстои неколку минути, па исплакнете го местото со студена вода.
Дамките ќе ги снема.
А. Ј. | Црнобело
фото: depositphotos.com