10 трикови за побрзо и поефикасно чистење на домот
Немојте да користите кофа со вода за чистење на подовите
Секојпат кога го ставате џогерот во кофата, водата се валка, што значи ќе го поминете подот со валкана вода.
Подобро ставете го средството во шише со распрскувач и испрскајте го подот.
Не ги заборавајте ѕидовите и таваните
Иако обично не се гледа, и на ѕидовите и таваните има прашина.
Пред да почнете со чистење на другите делови од домот, поминете ги со сува (микрофибер) крпа.
Чистете ги прозорците со средство за миење садови
Кога ги чистите прозорците, избегнувајте да користите средства за стакло бидејќи ќе треба да се помачите ако не сакате да се познаваат траги од крпата.
Многу полесно ќе ги исчистите со обично средство за садови разредено со вода.
Користете обичен сунѓер, и соберете го вишокот со гума за чистење стакло.
Исчистете го подот во бањата со крпа
Подот во бањата е еден од повалканите делови во домот, па препорачливо е да го чистите со повеќе средство и крпа, наместо џогер.
На овој начин темелно ќе ги исчистите и тешко достапните меса, како зад тоалетната школка.
Тргнете ги сите предмети од површината што ја чистите
Наместо да пробувате да чистите помеѓу украсите, книгите и слично, секогаш тргајте ги сите предмети од површината, па потоа исчистете.
Само вака ќе ја отстраните целата прашина, а и ќе завршите побрзо.
Спирова С. | Црнобело