Зошто во зима качуваме килограми?
Топлата гардероба која ја облекуваме со доаѓањето на студените денови го сокрива телото, така што на него помалку мислиме и не треба да не чуди што...
...се здебелуваме во просек од 1,5 – 2 килограми во текот на зимата.
Постои теорија по која сме генетски програмирани на есен да акумулираме маснотии за да ја преживееме зимата.
Меѓутоа проблемот е во тоа што повеќе не мораме да таложиме сало затоа што имаме доволно храна во текот на целата година, објаснуваат лекарите.
На зголемениот апетит во текот на зимските денови делува и мелантоинот, популарно наречен „хормон на спиењето“, кој се лачи повеќе во текот на зимата и во есен, а кај некои луѓе го поттикнува чувството на глад.
Лекарите како причина за задебелувањето ја наведуваат и промената на храната која ја користиме во зима.
Имено тогаш се користи покалорична и помрсна храна, но тука има влијание и депресивната состојба која обично е последица на овие годишни времиња, а ја „лечиме“ со консумирање претежно благи работи.
Помалата количина на витамин Д исто така може да влијае на килограмите, но тоа сеуште не е научно докажано.
Се мисли дека недостатокот на витамин Д го успорува разградувањето на масните наслаги, па се советува што повеќе да се изложуваме на дневна светлина и да јадеме мрсна риба богата со овој витамин.
Да напоменеме, без физичка активност, нема губење на калории.