Синдромот „среќна девојка“ е хит на социјалните мрежи – дали навистина функционира?

„Јас сум среќна личност. Ако работите не одат така како што планирам, тоа е затоа што ќе се случи нешто уште подобро“ – девојките на социјалните мрежи тврдат дека оваа мантра им помага да ги остварат сопствените соништа. Зошто синдромот „среќна девојка“ е вистински хит?

sindromot-srekjna-devojka-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-dali-navistina-funkcionira-01.jpg

Ако во минатото хит беа книгите од типот на „Тајната“ и „Целестинското пророштво“, сега благодарение на социјалните мрежи постои еден нов синдром, наречен „среќна девојка“ што масовно зема замав кај ТикТок заедницата.

Девојките на социјалните мрежи тврдат дека животот значително им се променил затоа што и во најлошите мигови ја повторувале фразата: „Јас сум среќна личност. Ако нештата не одат така како што планирам, тоа е затоа што ќе се случи нешто уште подобро“.

@lauragalebe The secret is to assume and believe it before the concrete proof shows up. BE DELUSIONAL. #bedelusional #luckygirlsyndrome #affirmations #lawofassumption #manifestationtiktok #manifestingtok #lawofassumptiontok #manifestation ♬ original sound - Laura Galebe

Овој синдром се заснова врз психологијата на позитивните мисли, но според некои луѓе може да доведе до состојба што се нарекува „токсична позитивност“.

Синдромот „среќна девојка“ масовно се шири на социјалните мрежи, а оние што го проповедаат велат дека ако постојано му праќате порака на универзумиот дека сте многу среќни, можете да очекувате само позитивни резултати.

Со позитивна мисла, ќе го добиете очекуваното покачување на платата, партнерот ќе ве запроси, или пак, ќе ви се остварат желбите што долго време сте ги посакувале.

sindromot-srekjna-devojka-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-dali-navistina-funkcionira-02.jpg

Животниот тренер (life coach) Лиза Квин за Harper's Bazaar вели дека популарноста на овој синдром се должи на неговата едноставност:

„Повторувањето на реченицата: ‘Нештата се одлични за мене’ е лесно и брзо. Се чувствувате моќно и сметате дека конечно имате контрола над сопствената судбина“ – вели таа.

sindromot-srekjna-devojka-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-dali-navistina-funkcionira-03.jpg

Овој синдром во главно ве тера да се фокусирате на среќата. Мозокот на човекот најчесто се фокусира на негативните мисли, па синдромот „среќна девојка“ ве тера да почнете да размислувате позитивно.

„Синдромот го игнорира фактот дека животот не е фер и ве тера да заборавите дека некои луѓе имаат поголеми привилегии од другите. Заборавате на нееднаквоста што постои во светот.

Исто така, тоа што краткотрајно ги занемарувате негативните емоции, не значи дека тие нема да се вратат посилни. Овој синдром во голема мера се поврзува со токсичната позитивност. Ако го пробате и не функционира тогаш ќе се чувствувате уште полошо“ – вели Квин.

Голем број жени на ТикТок тврдат дека овој синдром функционира за нив и дека им помогнало тоа што постојано биле позитивни.

sindromot-srekjna-devojka-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-dali-navistina-funkcionira-04.jpg

Што мислите вие?

Можете ли да ја промените среќата само со позитивни мисли и дали позитивните мисли ќе ви ги платат сметките и ќе ви го наполнат ладилникот?

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg