Што ќе се случи со вашето здравје ако секој ден јадете по една банана?
Знаевте ли дека бананите ја намалуваат подуеноста на стомакот, ја подобруваат меморијата, па дури и го намалуваат ризикот од појава на некои видови рак?
Бананите се хранливо овошје кое некогаш е нарекувано и суперхрана поради својот состав.
Тие содржат здрави јаглехидрати, калиум, хранливи валкана, витамини Б6 и Ц, магнезиум и манган.
Сето ова се состојки кои го поттикнуваат здравјето на целиот организам, а можат дури и да спречат одредени болести.
Па, зошто треба да почнете почесто да јадете банани?
Го поттикнуваат дигестивното здравје
Бананата е одлична храна за оние со чувствителен стомак, но и за луѓе кои се соочуваат со проблеми како дијареја.
Истражувањата покажуваат дека бананата можеби има важна улога и во спречувањето хронични болести на дигестивниот систем.
Добра е за здравјето на очите
Можеби јадењето банани нема да ви го подобри диоптерот, но некои истражувања покажуваат дека може да го намали ризикот од слепило, особено од недостаток од витамин А.
Бананите содржат каротеноиди кои во црниот дроб се претвораат во витамин А.
Ја намалуваат подуеноста
Истражување во кое учествувале жени на возраст од 19 до 45 години покажало дека оние кои јаделе една или две банани дневно, имале значително помалку проблеми со подуеност.
Жените не направиле никаква друга промена во исхраната или начинот на живот, што значи бананите дефинитвно се одговорни за намалената подуеност.
Го подобруваат менталното здравје
Бананите секако нема да ги излечат нарушувањата како анксиозност и депресија за кои е потребна помош од професионалец, но можат да имаат позитивно влијание врз менталното здравје.
Истражувањата покажуваат дека честото консумирање храна која содржи фолати (како бананите) може делумно да ги намали симптомите на депресија.
Ја подобруваат меморијата
Бананите содржат триптофан – аминокиселина која има позитивно влијание врз меморијата и способноста за учење.
Некои истражувања имаат покажано дека луѓето кои консумираат храна со оваа аминокиселина постигнуваат подобри резултати на тестови за меморија и внимание.