Што ќе се случи со вашето здравје ако секој ден јадете по една банана?
Добри се здравјето на срцето
Според Администрацијата на храна и лекови во САД, храната која содржи калиум може да го намали ризикот од мозочен удар и висок крвен притисок.
Бананите се одличен извор на калиум.
Ги намалуваат грчевите
Калиумот во бананите, заедно со магнезиумот и калциумот, има влијание и врз здравјето на мускулите.
Односно, честото консумирање банани може да го намали ризикот од појава на мускулни грчеви.
Ја подобруваат состојбата на кожата
Бананите имаат состојка која го поттикнува производството на колаген во телото.
Колагенот, пак, не само што е одговорен за изгледот на нашата кожа, туку е потребен и за правилно зараснување на раните.
Го намалуваат ризикот од појава на некои видови рак
Во истражување кое траело 20 години научниците дошле до заклучок дека скробот во бананите може да го намали ризикот од појава на рак кај луѓе кај кои болеста може да биде наследена.
Научниците утврдиле дека скробот имал позитивно влијание кај испитаниците кои имаат зголемен ризик од појава на рак на панкреасот, хранопроводот и стомакот.
Овој вид скроб се наоѓа и во друга храна, како овес, тестенини, ориз и грашок.
Го одржуваат здравјето на забите
Калиумот, манганот и магнезиумот се добри за емајлот на забите, а бананите ги имаат овие состојки во изобилство.
Покрај тоа, за разлика од другите овошја, киселоста на бананата е многу помала, што дополнително им годи на забите.
Спирова С. | Црнобело