10 состојки за бистра глава
Кој не сака да биде попаметен и поздрав? Неколку нови истражувања покажуваат дека одредена храна делува позитивно на човековиот мозок. Здравата исхрана...
...го поттикнува крвотокот и делува позитивно на мозокот. Освен тоа, го намалува ризикот од деменција.
Ова е листата на состојки кои поттикнуваат подобра работа на мозокот:
1. Јаболка.
Делуваат превентивно против нервни заболувања како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.
2. Шпаргли.
Богати се со фолна киселина која е нужна за метаболизмот на масните киселини на нашиот мозок.
3. Говедско месо.
Полно е со витамин Б12, железо и цинк. Овие витамини и минерали го штитат здравјето на нервниот систем.
4. Боровинки и јагоди.
Доколку јадете од ова овошје ќе имате подобра меморија. Освен тоа, антиоксидантите ќе ве чуваат од оксидативни процеси.
5. Црно чоколадо.
Влијае на зајакнување на концентрацијата. Содржи силни антиоксиданси и поттикнува лачење на ендорфин заради кој сите се чувствуваме подобро.
6. Лосос.
Одличен извор на омега3 – масни киселини кои се неопходни за нормално функционирање на мозокот.
7. Оригано.
Во низа истражувања покажано е дека ориганото содржи 40 пати повеќе антиоксидантни состојки од јаболкото, 30 пати повеќе од компирот, 12 пати повеќе од портокалите и 4 пати повеќе од боровинката и јагодата.
8. Ореви.
Богати се со протеини и омега-3 масни киселини, како и витамни Е и Б6 кои помагаат за здравјето на нервниот систем.
9. Житарици со полно зрно.
Влакната и витаминот Е постигнуваат добра циркулација, а со тоа помагаат и во дотокот на крвта во мозокот.
10. Јогурт.
Јогуртот и млечните производи се богати со протеини и витамин Б, што е неопходно за добра комуникација меѓу нервните станици.