Девојка (14) е алергична на вода, пот и на своите солзи: „Не смеам да плачам, ми фали пливање и плажа“

„Имам реакција по секое туширање, миење раце, плачење, па дури и потење. Тоа што не можам да плачам кога сум тажна прави да сум под уште поголем стрес...“, вели Сеjди Тесмер (14) од САД.

devojka-14-e-alergichna-na-voda-pot-i-duri-i-na-sopstvenite-solzi-01.jpg

Сеjди Тесмер (14) од САД има многу ретка состојба која се вика аквагена уртикарија, односно е алергична на вода.

Нејзината кожа поцрвенува и ја чеша кога е изложена на вода.

devojka-14-e-alergichna-na-voda-pot-i-duri-i-na-sopstvenite-solzi-03.jpg

Состојбата ѝ била дијагностицирана пред 4 месеци. Поради тоа, таа едвај ја напушта својата куќа, а морала да се откаже и од училиштето.

Вели дека болката е огромна и дека не смее ниту да плаче за да си олесни, затоа што дури и солзите ѝ создаваат проблем, алергична е и на нив.

devojka-14-e-alergichna-na-voda-pot-i-duri-i-na-sopstvenite-solzi-02.jpg

Нејзината мајка забележала дека нешто не е во ред со кожата на Сејди по туширање, но мислела дека тоа се должи на претоплата вода.

Но, кога проблемот продолжил да се јавува, ѝ биле направени испитувања и ѝ било дијагностицирано дека станува збор за алергија на вода.

Сејди вели дека чувството е како некој да ви истура бензин што гори.

„Имам реакција по секое туширање, миење раце, плачење, па дури и потење. Тоа што не можам да плачам кога сум тажна прави да сум под уште поголем стрес.

Кога ми ја кажаа дијагнозата не ми изгледаше реално, не верував дека некој може да биде алергичен на вода. Многу се растажив затоа што не можам да пливам и да одам на плажа.“

devojka-14-e-alergichna-na-voda-pot-i-duri-i-na-sopstvenite-solzi-04.jpg

За среќа, алергијата на Седи не ѝ влијае внатрешно, па таа може да пие вода, но со цевка, за водата да не дојде во допир со нејзините усни и да добие чувство дека ја горат.

Таа додава дека ѝ е страв да оди дури и на прошетки, затоа што почнува да се поти и тогаш се јавува проблем.

„Се надевам дека во иднина ќе направам повеќе истражувања за оваа состојба и конечно ќе можам да водам нормален живот како секоја обична тинејџерка.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg