Грозјето го лечи целулитот

grozjeto-go-leci-celulitot-povekjeКремите и маските од грозје и одговараат на кожата, а сега ги има во изобилство на пазарите. Негувајте се со грозјето додека го има во изобилство.


Грозјето подмалдува и го разбива целулитот, а купките од вино го опуштаат организмот.

Одамна се знае дека антиоксидансите од виното и грозјето се чувари на здравјето, но неодамна е откриено дека ресвератрол, состојка на виното и грозјето, е составен дел на „молекулот на младоста и убавината“.

И додека тие делуваат благотворно однадвор, со јадење и пиење треба да се внимава.

Би требало да се испијат неколку стотини литри вино дневно и да се изеде цело лозје за да ресвератрол-от ни ги затегне борите, а тоа веќе не е добро.

Затоа, многу козметички куќи ја употребија оваа состојка во серумите за подмладување, па вие или мачкајте ги кремите или пак употребувајте природни маски - сигурно ќе има ефект.

Пакување против целулит

Помешајте четири лажици масло од семки од грозје со пет капки масло од лимон. Измасирајте ги критичните места, завиткајте се во фолија и останете така 30 минути. Витаминот Ц ќе ја активира разградбата на маснотии и ќе го зајакне сврзното ткиво, додека термоефектот на фолијата ќе го зголеми дејството.

Лек за мозолчиња

Сомелете 15 зрна грозје, па кашата нанесете ја на проблематична или мрсна кожа. Оставете да делува 15-на минути. Ензимите од грозјето делуваат антибактериски и ги смируваат воспалителните процеси на кожата.

grozjeto-go-leci-celulitot

Тоник од грозје

За освежување на тенот најдобар е свеж тоник од бело грозје. Излупете 100 грама грозје и изматете ги во блендер или соковник. Овој витамински тоник истовремено чисти и ја зацврстува кожата. По десет минути исплакнете со млака вода.

Купка за опуштање

Нервозни сте и уморни? Искапете се во вино! Во када полна со топла вода додајте едно литро ефтино црно, или бело вино и три лажици масло од семки од грозје. Лежете во оваа купка околу 30 минути. Витамините А, Б, Ц и Е ќе ја активираат размената на материи и ќе ја поттикнат циркулацијата, а кожата ќе ви стане мазна и хидрирана.

Бидете фит

Се чувствувате безволно и немате сила? Тогаш на блендер изматете 150 грама грозје, една банана и 100 милилитри сок од портокал. Шеќерот од грозјето, магнезиумот и витаминот Ц се вистински енергетски бомби за цел ден, а витаминот Б ја подобрува концентрацијата.

Ако сте под стрес, а нервите ви се напнати, изедете неколку зрна грозје или испијте чаша сок од грозје. Тоа е ефтин и ефикасен напиток против стрес, но немојте да претерувате затоа што сокот содрши и многу шеќер.

Би можело да ве интересира:

Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg