Што е вагинална парна бања (и како да ја направите дома)?

Што претставува вагиналната парна бања, како се прави и, најважно, дали е безбедна?

shto-e-vaginalna-parna-banja-i-kako-da-ja-napravite-doma-001.jpg

Вагиналната парна бања е стар народен лек за кој се вели дека ги чисти вагината и матката.

Се верува дека постојат и бројни други придобивки од вагиналната парна бања, како:

  • Намалување на менструалните симптоми, како што се надуеност, грчеви, исцрпеност и обилно крвавење 
  • Зајакнување на плодноста
  • Заздравување по породувањето 
  • Намалување на стресот 
  • Лекување хемороиди

Како функционира?

Процесот е прилично едноставен: седите или клекнувате над сад со врела вода во која има ставено билки.

Билките, кои често се користат сами или во комбинација, вклучуваат: камилица, невен, босилек, оригано.

shto-e-vaginalna-parna-banja-i-kako-da-ja-napravite-doma-003.jpg

Како да ја направите дома?

Во тенџере/сад со средна големина, истурете 8 чаши вода (по можност прочистена). Ставете една шака свежи билки или 1/4 чаша исушени.

Не додавајте и не користете етерични масла бидејќи тие се премногу силни и можат да го иритираат чувствително вагинално ткиво. 

Оставете ја водата да зоврие 5 минути.  Изгасете го огнот, ставете го капакот и варете уште 5 минути. 

Многу е важно да ја тестирате температурата на пареата пред да ја користите.

Ако е премногу топло, почекајте 15 секунди и повторно тестирајте додека не се почувствувате удобно топло.

Истурете 4 чаши вода во истиот сад. 

Повторно проверете дали водата е многу жешка. Ако не е, извадете ја долната облека и седнете или клекнете над садот.

Завиткајте голем чаршаф околу половината до подот, осигурувајќи се дека не излегува пареата.

Останете над пареата 20-тина минути, или додека да се излади водата.

shto-e-vaginalna-parna-banja-i-kako-da-ja-napravite-doma-08.png

Дали е безбедно?

Пареата може да ги изгори чувствителните вагинални ткива ако е премногу топла, па затоа треба да внимавате.

Додавањето дополнителна влажна топлина во вагината може да го зголеми ризикот кај жената од габични инфекции.

Важно е и да знаете дека не се направени многу истражувања во врска со овој метод, па затоа е препорачливо да се консултирате со експерт пред да пробате што било. 

shto-e-vaginalna-parna-banja-i-kako-da-ja-napravite-doma-002.jpg

M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg