Што треба да знаете за синдромот на полицистични јајници и кога треба да одите на лекар?

Појавата на акни и влакна, како и нередовните менструации, се некои од најчестите симптоми за синдром на полицистични јајници. Овие симптоми најчесто се јавуваат во доцните тинејџерски години и раните 20-ти. 

shto-treba-da-znaete-za-sindromot-na-policistichni-jajnici-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-01.jpg

Синдромот на полицистични јајници е мошне честа појава, но многу жени не покажуваат скоро никакви симптоми.

Поради ова, ни експертите не знаат колку точно жени го имаат овој синдром.

На пример, во едно истражување дури 70% од испитаничките имале синдром на полицистични јајници, но немале дијагноза и не ни биле свесни за тоа.

Што претставува синдромот на полицистични јајници?

Синдромот на полицистични јајници е вид хормонално нарушување кое се јавува кај жените во репродуктивниот период од животот.

Синдромот има влијание врз нормалната функција на јајниците и може да предизвика нередовни менструации, зголемено ниво на андроген – „машки“ хормони, како и појава на цисти во јајниците.

Нередовните менструации настануваат поради нередовното ослободување јајцеклетки, односно нередовната овулација што ја предизвикува синдромот.

Вишокот „машки“ хормони, пак, можат да предизвикаат физички симптоми, како појава на влакна на лицето.

Цистите кои се јавуваат во јајниците генерално се безопасни и достигнуваат големина до 8 милиметри.

Во овие цисти се наоѓаат јајцеклетки кои не созреале доволно за да започнат процес на овулација.

shto-treba-da-znaete-za-sindromot-na-policistichni-jajnici-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-02.jpg

Зошто се појавува?

Не е познато што точно ја предизвикува појавата на полицистични јајници, но постојат неколку можни фактори.

Генетика: Некои истражувања покажале дека синдромот на полицистични јајници е наследен. Притоа, за овој синдром не е одговорен само еден ген, туку повеќе.

Отпорност на инсулин: Наводно, до 70% од жените со полицистични јајници имаат отпорност на инсулин. Ова значи дека нивните клетки не можат правилно да го искористат инсулинот.

Инсулинот е хормон што го лачи панкреасот и што му помага на телото да ги искористи шеќерите од храната како енергија.

Кога клетките не можат да го искористат инсулинот правилно, потребата за инсулин на телото се зголемува.

Поради ова, панкреасот почнува да лачи повеќе инсулин. А, вишокот инсулин ги тера јајниците да почнат да лачат повеќе „машки“ хормони.

Воспаленија: Некои истражувања покажале дека жените со синдром на полицистични јајници имаат повеќе воспаленија во телото, а зголемениот број на воспаленија е поврзан и со повисоко ниво на машки хормони.

shto-treba-da-znaete-za-sindromot-na-policistichni-jajnici-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-03.jpg

Кои се симптомите?

Ако имате синдром на полицистични јајници, симптомите би требало да се појават во доцните тинејџерки години, или во раните 20-ти, но можат да се појават и на друга возраст. 

Најчестите симптоми што ги чувствуваат жените се:

  • Нередовни менструации или целосно прекинување на менструацијата
  • Проблеми со плодност поради нередовна овулација
  • Појава на темни влакна, најчесто на лицето, градите, грбот и задникот
  • Зголемена телесна тежина
  • Проретчување и паѓање на косата
  • Многу мрсна кожа и појава на акни

shto-treba-da-znaete-za-sindromot-na-policistichni-jajnici-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-04.jpg

Кога треба да одите на лекар?

Синдромот на полицистични јајници не е опасен по живот, но ако имате изразени симптоми, препорачливо е да се консултирате со лекар.

Ако вашите менструации се нередовни или престанале целосно, ако имате проблеми со плодноста или забележите физички симптоми како акни и појава на влакна, најдобро одете на лекар.

shto-treba-da-znaete-za-sindromot-na-policistichni-jajnici-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-05.jpg

Како се третира синдромот на полицистични јајници?

Нема лек за синдромот на полицистични јајници, но симптомите можат да се контролираат.

Вашиот гинеколог може да ви препише одредени лекарства. Доста често се користат контрацепциски апчиња кои можат да ја регулираат менструацијата.

Обично третманот што ќе го одреди вашиот лекар зависи и од тоа дали сакате да останете бремени.

Ако планирате да останете бремени, можно е да добиете некој од следниве третмани:

Промена во исхраната и нивото на активност: Слабеењето може значително да ги ублажи симптомите.

Лекарства кои предизвикуваат овулација: Овие лекови им помагаат на јајниците да ослободат јајцеклетка, но си носат свои ризици. Затоа, можете да ги пиете само ако добиете дозвола од лекар.

Ако не планирате да забремените, може да добиете некој од следните третмани:

Апчиња за контрацепција: Овие апчиња помагаат во регулирање на менструалниот циклус, го намалуваат нивото на машки хормони и ја намалуваат појавата на акни.

Лекови за дијабетес: Овие лекови се користат за жени кои имаат отпорност на инсулин. Лековите можат и да ја подобрат овулацијата.

Промени во исхрана и физичката активност: Слабеењето ги ублажува симптомите.

Лекови за други симптоми: Во зависност од вашиот случај, можете да добиете одредени лекови за акни, регулирање на хормоните и слично.

shto-treba-da-znaete-za-sindromot-na-policistichni-jajnici-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-06.jpg

Какви компликации можат да настанат?

Како што веќе спомнавме, самиот синдром не е опасен, но некогаш може да предизвика други здравствени проблеми, особено на жени кои се изложени на поголем ризик од овие проблеми.

Некои од најчестите ризици:

  • Дијабетес тим 2
  • Висок крвен притисок
  • Проблеми со срцето и крвните садови
  • Рак на матката
  • Проблеми со плодноста

shto-treba-da-znaete-za-sindromot-na-policistichni-jajnici-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg