8 популарни митови за првутот – што е вистина, а што лага?
Сите шампони против првут се ефикасни – мит
Постојат разни причини зошто се појавува првут.
Кај некои причината е многу сува, а кај некои многу мрсна кожа на скалпот. Покрај тоа, постојат и инфекции на кожата кои можат да предизвикаат првут.
Поради ова, не сите шампони против првут се ефикасни за секого.
Ако состојбата не ви се подобрува сама од себе, одете на дерматолог кој ќе ви помогне да утврдите зошто ви се појавува првут. Дури потоа одберете шампон според вашите потреби.
Носењето капи може да го влоши проблемот – вистина
Кога носите капа, на скалпот се заробува повеќе влага од вообичаено.
Ова, пак, е совршена околина за развој на микроби кои предизвикуваат првут.
Затоа, најдобро избегнувајте капи и шешири додека да го решите проблемот.
Исхраната има влијание врз појавата на првут – вистина
Лошата исхрана, која вклучува многу масти, шеќери и сол, може да предизвика проблеми со кожата, а со ова да го зголеми ризикот од појавата на првут.
Пробајте да јадете повеќе овошје и зеленчук, намалете со мрсна храна и внесувајте повеќе омега 3 масни киселини, како и витамин Б7.
Првутот предизвикува паѓање на косата – мит
Самиот првут не може да предизвика паѓање на косата.
Но, ако имате многу првут и постојано се чешате, можно е да се соочите со привремено паѓање на косата на некои делови од главата.
Затоа, избегнувајте да се чешате и одете на дерматолог за што побрзо да го решите проблемот.
Спирова С. | Црнобело