8 популарни митови за првутот – што е вистина, а што лага?

Првутот не е „заразен“ и не предизвикува паѓање на косата...

8-popularni-mitovi-za-prvutot-shto-e-vistina-a-shto-laga-01.jpg

Првутот е појава со која се соочуваат многу луѓе.

Иако првутот не е опасен, може да предизвика чешање, но и проблеми со самодовербата поради парчињата кожа кои се познаваат во косата.

Ако имате малку првут, би можеле да се справите со него ако користите поблаг шампон за коса. Ако ова не помага, најдобро е да одите на дерматолог.

Бидејќи оваа појава е мошне честа, за неа постојат и бројни митови.

Па, кои се вистина, а кои лага?

Првутот е „заразен“ – мит

Некои луѓе мислат дека првутот, односно „болеста“ што предизвикува првут е заразна.

Важно е да знаете дека првутот некогаш е предизвикан од проблеми со кожата, како егзема и габична инфекција, но тие не се воопшто заразни.

8-popularni-mitovi-za-prvutot-shto-e-vistina-a-shto-laga-02.jpg

Честото чешлање ќе ви помогне да се ослободите од првутот – мит

Честото и грубо чешлање нема да го реши проблемот со првутот.

Всушност, со ова можете да ја влошите состојбата бидејќи ќе ја иритирате кожата.

8-popularni-mitovi-za-prvutot-shto-e-vistina-a-shto-laga-03.jpg

Нередовното миење на косата може да предизвика првут – делумно вистина

Додека самото нередовно миење на косата не е причина за појава на првут, ако не ја миете редовно, на косата ќе се акумулира повеќе првут и ќе биде многу повидлив.

8-popularni-mitovi-za-prvutot-shto-e-vistina-a-shto-laga-04.jpg

Промената во температурата на воздухот може да го влоши проблемот – делумно вистина

Во зимските месеци кожата се суши повеќе. Поради ова, луѓето кои имаат првут поради сува кожа можат да забележуваат благо влошување на состојбата во текот на зимата.

8-popularni-mitovi-za-prvutot-shto-e-vistina-a-shto-laga-05.jpg

Уште четири митови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg