Забрзајте го метаболизмот

zabrzajte-go-metabolizmot-povekjeВежбате и внимавате на исхраната, но со годините ви е сè потешко д аја одржите идеалната тежина. Истражувањата покажале дека помеѓу...


...6 и 18 година потрошувачката на калории во мирувања (базалниот метаболизам) опаѓа за неверојатни 25%, а по 20-тата година опаѓа во просек 2-3% во секоја деценија од животот.

За среќа, постојат начини да се одложи природното успорување на метаболизмот, а за тоа е потребно да се воведат само некои ситни трикови во животниот стил.

1. Согорете ги мастите

zabrzajte-go-metabolizmot

Бидејќи маснотиите се согоруваат во мускулите, потребно е да активирате што поголем број мускулни влакна. Скорешна студија покажала дека „нервозните“, луѓето што немаат мир и постојано некаде брзаат, трошат дури 352 калории повеќе во текот на денот, од оние што не се „нервираат“.

Со зголемување на секојдневните активности кои не спаѓаат во тренинг, но согоруваат маснотии, како што се одење, стоење, цупкање – ќе потрошите повеќе калории, ќе го забрзате метаболизмот и полесно ќе ја одржувате тежината.

Малите, чести движења можат да имаат значајно влијание на вашата комплетна дневна активност. И интензивните тренинзи се важни, да не се залажуваме. Интензивното трчање согорува повеќе калории од бавното трчање и во времето по тренингот.

Од друга страна, долгото и лесно трчање ја зголемува потрошувачката на маснотии. Со чести варирања на тренингот ќе го зголемите согорувањето на калории пред и по трчањето, позитивно ќе делувате на метаболизмот, а вашиот програм за тренинг ќе биде рамномерен.

2. Почнете да јадете 

Гледајте на своето тело како на машина на која и е потребно многу масло за да работи. Затоа, почнете да јадете. Со тоа не само што ќе го забрзате метаболизмот, туку и ќе го стабилизирате нивото на шеќерот во крвта и ќе го избалансирате нивото ан хормони во телото.

Стручњаците советуваат да почнете да јадете околу еден час по будењето, а потоа јадете на секои три до четири часа, за да се забрза метаболизмот. Престанете да јадете еден час пред спиење.

3. Навалете на протеините

Протеините го забрзуваат метаболизмот многу повеќе отколку мастите и јаглените хидрати. Џвакањето, грицкањето и варењето на храната бара одредена енергија и може да согори и до 30% калории што ги има во вашиот оброк.

Што е покомлексна исхраната, повеќе калории ќе согорите. Уште една добра страна на протеините е тоа што ја содржат аминокиселината леуцин, која го спречува губењето на мускулната маса кога сте на диета.

4. Пијте вода

Истражувањата покажале дека луѓето што пијат 8 чаши вода дневно имаат 12 пати побрз метаболизам од оние што внесуваат помали количини вода. Сакате да изгубите 3 килограми годишно? Пијте секој ден половина литар вода пред појадок.

5. Тренирајте

Вклучете два до три тренинга во својот неделен програм, со цел да ја зголемите мускулната маса и така да согорите барем 50 калории повеќе во текот на денот.

Уште поважно е тоа што ќе ја одржите мускулната маса додека стареете, што одржува и добар метаболизам. Развивањето на мускулна маса е како штедење за старост, дури подоцна во потполност ќе ги искористите сите нејзини предности.

Би можело да ве интересира:

Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Избелување на забите, детоксикација - Дали навистина има придобивки од активниот јаглен? Активниот јаглен има способност да ги „зароби“ токсините во дигестивниот систем,...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
„Инсомнијата ми го уништи животот - ова е ужасен проблем, верувајте ми“ „Кулминацијата дојде во 2017 година. По обична вечера со пријатели, останав будн...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg