6 знаци дека имате воспаление на увото (и како да го избегнете во иднина)

Чешањето може да биде еден од првите знаци за воспаление на увото, па ако не помине за ден-два, најдобро одете на лекар.

6-znaci-deka-imate-vospalenie-na-uvoto-i-kako-da-go-izbegnete-vo-idnina-01.jpg

Воспалението на увото е навистина непријатен проблем. Доколку не го третирате навреме, воспалението може да се влоши, а болката да стане речиси неподнослива.

Но, за среќа, воспалението на увото е релативно лесно за лекување, само треба да го забележите навреме.

Кои се најчестите симптоми што укажуваат на тоа?

Чешање

Чешањето може да биде еден од првите знаци за воспаление на увото, па ако не прекине за ден-два, препорачливо е да одите на лекар.

6-znaci-deka-imate-vospalenie-na-uvoto-i-kako-da-go-izbegnete-vo-idnina-02.jpg

Црвенило на увото и областа околу него

Обично црвенилото почнува да се јавува на ушната школка, а ако не го третирате воспалението, можно е да почне да се проширува и на околната област.

6-znaci-deka-imate-vospalenie-na-uvoto-i-kako-da-go-izbegnete-vo-idnina-03.jpg

Болка

Болката е речиси сигурен знак дека имате воспалено уво. Па, штом ќе ја почувствувате, одете на лекар пред да се влоши.

6-znaci-deka-imate-vospalenie-na-uvoto-i-kako-da-go-izbegnete-vo-idnina-04.jpg

Зголемено лачење на восок од увото

Восокот е нормална појава и е еден вид заштита за вашите уши.

Сепак, ако забележите поголемо лачење од вообичаено, можно е да станува збор за воспаление.

6-znaci-deka-imate-vospalenie-na-uvoto-i-kako-da-go-izbegnete-vo-idnina-05.jpg

Намален слух или зуење

Ако забележите намален слух, како увото да ви е затнато, или ако постојано слушате зуење, тоа може да биде уште еден знак за воспаление.

6-znaci-deka-imate-vospalenie-na-uvoto-i-kako-da-go-izbegnete-vo-idnina-06.jpg

Отоци на жлездите во областа на вратот

Воспалението на увото може да предизвика отоци на лимфните жлезди на вратот. Неретко овој симптом е придружен и со болка, но и со треска.

6-znaci-deka-imate-vospalenie-na-uvoto-i-kako-da-go-izbegnete-vo-idnina-07.jpg

Како да ги спречите воспаленијата на ушите?

Чистете ги внимателно

Веќе спомнавме дека восокот во ушите е корисен. Ова значи дека ако го отстраните целосно, вашето уво ќе нема заштита од штетните надворешни влијанија.

Кога ги чистите ушите со чепкалка, немојте да навлегувате во каналот. Односно, исчистете ја само ушната школка (делот што е видлив однадвор).

Уште подобро ако воопшто не користите вакви чепкалки и ги чистите ушите со влажна крпа.

Секако, немојте никако да ги чистите ушите со вашите прсти или со други предмети.

6-znaci-deka-imate-vospalenie-na-uvoto-i-kako-da-go-izbegnete-vo-idnina-08.jpg

Пливајте со капа или тампони за уши

Некои луѓе се посклони кон воспаленија и инфекции на ушите, а ако спаѓате овде, препорачливо е да ги заштитите со капа или тампони за уши кога пливате.

Ако сте склони кон воспаленија, водата што може да влезе во ушите најверојатно ќе ви предизвика проблеми.

6-znaci-deka-imate-vospalenie-na-uvoto-i-kako-da-go-izbegnete-vo-idnina-09.jpg

Добро исушете ги ушите по туширање

Откако ќе се истуширате, осигурете се дека во вашите уши не останала вода.

Можете да ги „исцедите“ ушите така што нежно ќе ги оптегнете за ушната ресичка и ќе ја навалите главата кон лево и кон десно.

Можете да искористите и фен за коса, но само околу една минута, на пониска температура.

6-znaci-deka-imate-vospalenie-na-uvoto-i-kako-da-go-izbegnete-vo-idnina-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg