Супердиетите се ризични
Бидејќи телото не е навикнато на помалку калории, ненадејната промена на режимот на исхрана доведува до телесна исцрпеност и прехрамбен дефицит...
...а долгорочно може да предизвика и сериозни здравствени проблеми.
Лесно е да се симнат неколку килограми, па и повеќе, но тешко е да се одржи новата килажа, тешко е да се менуваат животните и прехрамбените навики.
Покрај тоа, поради една грешка која што ќе ја направите кога бргу слабеете (јасно е дека сакате што побргу да симнете се што ви се наталожило со години), килограмите, како што бргу сте ги симнале, така бргу и ќе ги качите.
Што е најлошо, ќе вратите повеќе килограми одошто сте изгубиле, таканаречен јојо ефект. Така, повторно сте разочарани, повторно барате нова диета и волшебни апчиња. Но, такво нешто нема, сè зависи од вас и сè е во вашата глава.
Неделно, најздраво е да се губи од 0.5 до 1 килограм телесна тежина, а вишокот што го имате, секако треба да го симнете. Треба да ослабите пред сè поради сопственото здравје.
Секој килограм повеќе го оптоварува срцето и крвните садови, црниот дроб, целиот систем за варење, панкреасот, карлицата (еден килограм повеќе ја оптоварува карлицата за 10 килограми), колковите и колената, што значи негативно влијае на целиот организам.
Вишокот на килограми често е причина и за покачен холестерол, или шекер во крвта, зголемен крвен притисок, неплодност итн.
Диетите во било кој облик по својата природа се енергетски сиромашни. Намалениот внес на калории е главната поента на држењето диета. Всушност и поради тоа треба да се избегнуваат брзи таканаречени супердиети кои доведуваат до инстант детоксикација на организмот и брзо губење на килограми.
Бидејќи телото не е навикнато на мала количин акалории, ваквата промена на режимот на исхрана ќе доведе до телесна исцрпеност и прехрамбен дефицит, а долгорочно може да предизвика и сериозни здравствени проблеми.
Кај оние што нагло ќе применат ригорозна диета често се појавуваат симптоми како што се: поспаност, главоболка, недостаток на енергија, општ пад на имуинитетот и проблеми со концентрацијата. Брзите диети не ги менуваат ни навиките на исхарана што пак води кон јојо ефект и брзо враќање на килограмите.
Ви препорачуваме постепено да го намалувате дневниот внес на калории, рестриктивните диети да ги применувате најдолго две недели, а кога диетата ќе заврши повторно постепено да внесувате калорични намирници во период од неколку денови.