Спијте без долна облека и уште 5 совети за интимна хигиена во текот на летните горештини

За време на пеколните горештини потребно е да се обрне особено внимание на интимната хигиена со цел да избегнете несакани инфекции.

spijte-bez-dolna-obleka-i-ushte-5-soveti-za-intimna-higiena-vo-tekot-na-letnite-goreshtini-01.jpg

Со оглед на тоа што интимните делови се постојано прекриени, а високите температури предизвикуваат прекумерно потење, се создава погодно место за развој на бактерии и габични инфекции. 

Британскиот The Sun во консултација со лекарката Бина Мехта направи список на кои работи треба да бидете особено внимателни.

Во продолжение погледнете на што треба да внимавате со интимната хигиена за да избегнете несакани последици.

Бидете внимателни при изборот на долна облека

Потребна ви е лесна долна облека изработена од памучни материјали. Ако сте на плажа, колку можете побрзо заменете го влажниот костим за капење со сув.

spijte-bez-dolna-obleka-i-ushte-5-soveti-za-intimna-higiena-vo-tekot-na-letnite-goreshtini-02.jpg

За миење користете само вода

Веќе сите знаат дека интимните делови не треба да се мијат со сапуни затоа што може да ја наруши природната pH вредност и да предизвика прекумерен раст на штетни бактерии и габички.

Ако морате да користите сапун, изберете нежни средства без парфем и практикувајте да се туширате наместо да лежите со часови во када.

spijte-bez-dolna-obleka-i-ushte-5-soveti-za-intimna-higiena-vo-tekot-na-letnite-goreshtini-04.jpg

Ако сте се препотиле, сменете ја и долната облека

Сите препорачуваат во летниот период да се избегнува излегување во периодот помеѓу 11 и 17 часот, а ако тоа мора да го направите да се држите во сенка.

Доколку пак мора да престојувате на отворено подолг период и ако се препотите, добро е со вас да носите резервна долна облека и да се пресоблечете.

spijte-bez-dolna-obleka-i-ushte-5-soveti-za-intimna-higiena-vo-tekot-na-letnite-goreshtini-03.jpg

Задолжително пеглајте ја долната облека

Долната облека добро е да ја испеглате за да ја дезинфицирате и да ги убиете сите спори на кандида што не се уништиле во перењето. Ова е задолжително особено ако ја перете облеката на ниска температура.

spijte-bez-dolna-obleka-i-ushte-5-soveti-za-intimna-higiena-vo-tekot-na-letnite-goreshtini-09.jpg

Легнете си без долна облека

Обидете се во лето под лесните пижами да не носите долна облека за да им дозволите на интимните делови да се проветрат. Изберете поширок, памучен модел на пижами и имајте предвид дека ќе треба често да ги перете.

spijte-bez-dolna-obleka-i-ushte-5-soveti-za-intimna-higiena-vo-tekot-na-letnite-goreshtini-08.jpg

Избегнувајте бричење пред да одите на плажа

Отворените пори по бричењето може да бидат погодна средина за развој на бактерии и габични инфекции, затоа се препорачува доколку морате да се депилирате или да се бричите тоа да го направите претходната вечер, за кожата да има доволно време да заздрави.

spijte-bez-dolna-obleka-i-ushte-5-soveti-za-intimna-higiena-vo-tekot-na-letnite-goreshtini-07.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg