10 тајни на слабите луѓе
Слабите луѓе себе си се ставаат на прво место. Тие тврдат дека не прават ништо посебно, ама ете такви се сами од себе. Сепак имаат некои навики...
...кои се добри за линијата,а за тоа не се ни свесни.
Веројатно не одат наоколу со вагата и не ја мерат секоја калорија. Ним едноставно им одговара да јадат пет пати дневно во помали порции. На менито главно имаат овошје, зеленчук и по некој протеин, а поголемиот дел од времето го поминуваат во движење.
Стручњаците велат дека слабите луѓе себе си се ставаат на прво место, секојдневно имаат време за себе, не ги прескокнуваат оброците, вежбаат и редовно го исфрлаат стресот. Истите стручњаци велат дека клучот лежи во тоа што можат да ја контролираат тежината без некои чудни напитоци и магични јадења.
1. Слабите луѓе имаат слаби родители
Гените се делумно одговорни за слабеењето и тоа дури 30%. Но, важна е и културата на јадење во семејството, па така ако сите заедно јадат здрав појадок и вечера, поголема е веројатноста дека ќе го научат и детето така да јаде.
2. Слабите луѓе не прескокнуваат оброци
Тоа е важно затоа што нема да ви се случи да прегладните и истиот момент да посакате да изедете било што и тоа во огромна количина. Исто така е важно да не го прескокнувате појадокот – најважниот оброк во денот.
3. Слабите луѓе си го ограничуваат менито
Најлесен начин за тоа е дома да не носите нешто што не би сакале да го јадете. Имено, она што вашиот мозок нема да го види нема ниту да го посака, па така полесно ќе се контролирате. Многу жени тврдат дека дома воопшто не чуваат сладолед, бисквити и газирани пијалаци.
4. Слабите луѓе не седат мирно
Во текот на испитувањата во Америка, забележано е дека слабите луѓе додека работат, стојат и се движат, па на нозе се два часа подолго од оние мрзливите, патем и подебелите. Слабите во повеќе наврати ќе потрчаат по автобус и ќе стојат во јавниот превоз додека мрзливите ќе го почекаат следниот превоз за да седнат.
5. Слабите луѓе ги следат своите килограми
Под тоа не се подразбира дека се мерат два пати дневно, туку да речеме еднаш неделно ја проверуваат својата тежина, да видат дали има промени. Ним не може да им се случи да добијат 10 килограми, а да не се свесни кога се случило тоа. Тие може да добијат еден до два килограми помеѓу мерењето, а тоа лесно се симнува, за помалку од една недела.
Слабите луѓе си определуваат лимит на килограми и кога ќе го поминат, некои да речеме ќе го исфрлат десертот и виното од менито, а од пијалаци ќе консумираат само вода.
6. И слабите луѓе се гурмани
Не е вистина дека слабите луѓе не ја сакаат храната. И тие уживаат во секој залак и тоа дури повеќе од дебелите луѓе, затоа што немаат грижа на совест кога јадат. Веројатно така и треба да се размислува за храната - дека е добра и дека добро се чувствуваме, затоа што ако мислиме на бројот на калориите и дебелеењето, таа така и ќе делува на нашето тело.
7. Слабите луѓе го прават она што е добро за нив
Работата е во тоа што секој си наоѓа нешто што му одговара и се придржува кон тоа. Некому килограмите ќе му се намалуваат ако остане подолго во теретана, некому ако воведе дополнителен ден со возење велосипед, додека други наместо десерт ќе изедат некое овошно фрапе или ќе го исфрлат лебот од менито. Важно е самите да откриете што најмногу ве дебелее, а без што можете да живеете. Тогаш исфрлете го тоа и најдете му достојна замена.
8. Слабите луѓе имаат добар мотив
Доколку сакате да ослабете поради момчето, некое случување или за да ги облечете старите фармерки, тешко дека ќе ја постигнете целта или ќе ја постигнете но за кратко време. Слабите луѓе на пример тренираат затоа што тоа им одговара, свесни се дека тоа е добро за нив, јадат одредена храна затоа што знаат колку е здрава за нивниот организам. Мотивот мора да биде смислен и поткрепен со позитивниот исход.
9. Слабите луѓе размислуваат позитивно
Многу важна работа е што мозокот му праќа на телото позитивни сигнали. Значи, кога ќе се погледнете во огледало гледате колку сте убави, како константно слабеете и изгледате сè подобро и подобро. Кога ќе седнете на каучот морате да се наговорите да се придвижите и да отидете на закажаниот тренинг или друг вид на активност. Сè што ќе изговорите негативно, ќе ве доведе до негативна цел. Освен тоа ако ви е тешко да отидете на тренинг, замислете си дека имате публика, дека некој ве бодри, гледа или ви ги брои склековите и на крај ве пофалува.
10. Слабите луѓе имаат цел
Без цел, стратегија и добри намери немојте да почнувате ништо во животот, па така нема ниту да се доведете во добра форма. Оној момент кога ќе посакате да ослабете треба точно да знаете колку килограми, во кој временски период и на кој начин. Одберете ја целта, стилот, темпото, па дури тогаш тргнете во акција. Најдобро е и овој пат да го искористите мозокот, се убаво да замислите и на крајот да се видите тенки и во добра форма.