Кои се најчестите симптоми на срцев удар и што да направите ако ги забележите + како да ја спречите неговата појава?
Што да очекувате кога ќе стигнете во болница?
Третманот што ќе го добиете во болница зависи од тоа колку сериозен бил вашиот инфаркт.
Постојат два третмани што се користат најчесто:
- Терапија со лекови кои ќе ја „растворат“ згрутчената крв што ги блокира крвните садови.
- Операција со која ќе се зголеми дотокот на крв до срцето.
Времето што е потребно за закрепнување зависи од штетата што настанала на срцето - некои луѓе можат да се вратат на работа по недела-две, додека на некои ќе им требаат и неколку месеци за да закрепнат.
Важно е да знаете дека покрај штетата, периодот на закрепнување многу зависи и од грижата што ќе ја водите за вашето здравје.
Што значи, за да закрепнете побрзо, но и за да го избегнете инфарктот во иднина, ќе мора да ги слушате препораките на лекарот.
Кои луѓе се изложени на најголем ризик од инфаркт, и дали може да се спречи?
Постојат неколку фактори што го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, а со тоа и појавата на инфаркт:
Висок крвен притисок: Ова е голем ризичен фактор за секакви срцеви заболувања, а е еден од најпроблематичните бидејќи нема никакви симптоми. Затоа е препорачливо редовно да го проверувате.
Високо ниво на холестерол: Холестеролот е супстанца што ја лачи црниот дроб, но голем дел внесуваме и преку храната. Па, ако внесете повеќе холестерол отколку што му е потребно на телото, тој ќе почне да се таложи на крвните садови и со текот на времето да ги блокира.
Дијабетес: Истражувањата покажале дека кај лицата со дијабетес, инфарктот и другите срцеви заболувања можат да остават поголема штета. Па, ако имате дијабетес, обрнете посебно внимание на здравјето на срцето.
Дебелина: Дебелината е поврзана со повисоко ниво на „лош“ холестерол и триглицериди. Исто така, дебелината може да предизвика висок крвен притисок и дијабетес. Сите овие последици од дебелината се всушснот ризични фактори за инфаркт и срцеви заболувања.
Генетски фактор: Во некои случаи, проблемите со срцето можат да бидат наследни. Но, се верува дека причината за „наследувањето“ на проблемите со срцето може да биде и фактот што членовите на едно семејство обично имаат слични животни навики.
Возраст: Иако инфарктот може да се појави на секоја возраст ако не водите никаква грижа за здравјето, ризикот е поголем кај постарите лица.
Лоши животни навики: Претераното пиење алкохол, како и пушењето цигари можат да го зголемат ризикот од инфаркт.
Како што спомнавме на почетокот, можете драстично да го намалите ризикот од појава на инфаркт (и други срцеви заболувања) со неколку животни промени:
Физичка активност: Вежбањето драстично го намалува ризикот од срцеви заболувања бидејќи помага во контролирањето на тежината. Истовремено, физичката активност го намалува ризикот и од други здравствени проблеми кои подоцна можат да предизвикаат инфаркт.
Здрава исхрана: Внесувајте повеќе овошје, зеленчук, мешунки, риба и здрави масти. Од друга страна, намалете го внесот на сол, шеќер, јаглехидрати, алкохол, заситени масти и трансмасти.
Ослабете: Веќе спомнавме дека дебелината ги комбинира сите ризични фактори, па ако имате вишок килограми, ослободете се од нив со вежбање и здрава исхрана.
Спијте по 7-8 часа: Несоницата може да го зголеми ризикот од дебелина, висок крвен притисок и дијабетес, а со тоа и ризикот од инфаркт.
Справувајте се со стресот: Поради стресот многу луѓе почнуваат да негуваат нездрави навики, како пиење многу алкохол, па важно е да најдете начин да се справите со него.
Слушајте ги советите на лекарот: Ако имате проблеми со срцето и треба да пиете терапија, немојте да ја прескокнувате.
Редовно одете на преглед: Ако лекарот ви каже дека сте во ризична група, редовно одете на преглед и проверувајте ги крвниот притисок и нивото на холестерол.
Спирова С. | Црнобело